Префрли се на текстот

Што ќе постигне Божјето Царство?

Што ќе постигне Божјето Царство?

Што вели Библијата:

 Божјето Царство ќе ги замени сите човечки влади и ќе ја спроведе својата власт над целата Земја (Даниел 2:44; Откровение 16:14). Што ќе постигне Божјето Царство?

  •   Ќе ги отстрани злобните луѓе, чија себичност им нанесува болка на другите. „Злите ќе бидат истребени од земјата“ (Изреки 2:22).

  •   Ќе им стави крај на војните. „[Бог] ги прекинува војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:9).

  •   Ќе има мир и благосостојба по целата Земја. „Секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква и никој нема да го плаши“ (Михеј 4:4).

  •   Ќе ја претвори Земјата во рај. „Ќе се радуваат пустината и безводниот крај, ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран“ (Исаија 35:1).

  •   Сите ќе имаат работа што ги исполнува. „[Божјите] избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце. Нема да се трудат залудно“ (Исаија 65:21-23).

  •   Ќе ги отстрани болестите. „Никој од жителите нема да рече: ,Болен сум‘“ (Исаија 33:24).

  •   Никој нема да биде стар. „Неговото тело нека стане посвежо отколку во младоста, нека се врати во деновите на својата младешка сила“ (Јов 33:25).

  •   Ќе ги врати мртвите во живот. „Сите оние што се во гробовите ќе го чујат [Исусовиот] глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29).