Исаија 33:1-24
33 Тешко тебе што пустошиш, а тебе не те пустошат, и вршиш предавство, а тебе не те предаваат!+ Штом ќе престанеш да пустошиш, ќе бидеш опустошен.+ Штом ти ќе престанеш да вршиш предавство, други ќе те предадат тебе.+
2 О Јехова, смилувај ни се!+ На тебе се надеваме.+ Биди наша мишка+ секое утро,+ наше спасение во време на неволја!+
3 Кога ќе се чуе метеж, народите бегаат.+ Кога ќе станеш, народите се распрснуваат.+
4 Како што лебарките го собираат својот плен, така ќе биде собран вашиот плен+ како што јато скакулци се нафрлаат врз човек такво ќе биде нафрлувањето врз него.+
5 Јехова ќе се возвиши,+ зашто живее во висините.+ Ќе го исполни Сион со правда и со праведност.+
6 Довербата во твоите времиња ќе се покаже како богатство на твоето спасение+ — мудрост и знаење,+ и страв од Јехова,+ што е вистинско богатство за оној што го има тоа.
7 Гледај, нивните јунаци викаат по улицата, гласниците на мирот+ горко плачат.
8 Улиците запустеа,+ патниците исчезнаа од патиштата.+ Тој го раскина сојузот,+ ги презира градовите,+ нема обѕир кон смртниот човек.+
9 Земјата тагува и венее.+ Ливан е посрамен+ и се суши. Сарон+ е како пустина, Васан и Кармил ги отфрлаат своите лисја.+
10 „Сега ќе станам“,+ вели Јехова, „сега ќе се возвишам,+ сега ќе се подигнам.+
11 Зачнавте сува трева,+ ќе родите стрниште. Вашата бунтовност* ќе ве проголта+ како оган.+
12 На народите ќе им биде како да се изгорени во вар. Како исечени трња, ќе горат во оган.+
13 Чујте што ќе направам, вие што сте далеку!+ Вие што сте близу, спознајте ја мојата моќ!+
14 На Сион страхуваат+ грешниците, трепет ги обзема отпадниците,+ па велат: ‚Кој од нас ќе опстане пред огнот што голта?+ Кој од нас ќе опстане пред вечните пламења?‘+
15 Оној што секогаш постапува* праведно+ и го зборува она што е право,+ одбива неправедна добивка добиена со измама,+ ги истресува рацете да не примат мито,+ ги затвора ушите за да не слуша за крвопролевање, ги затвора очите за да не гледа зло,+
16 тој ќе престојува на висините,+ неговата сигурна тврдина ќе биде на висока карпа и на непристапливо место.+ Леб ќе добива,+ вода нема да му недостасува“.+
17 Твоите очи ќе го гледаат царот во неговата убавина,+ ќе видат далечна земја.+
18 Твоето срце ќе зборува тивко+ за стравотијата: „Каде е попишувачот? Каде е оној што го предава данокот?+ Каде е оној што ги брои кулите?“+
19 Повеќе нема да видиш дрзок народ, народ кој зборува на неразбирлив јазик, пелтекав јазик што не го разбираш.+
20 Погледни го Сион,+ градот на нашите празници!+ Твоите очи ќе го видат Ерусалим — безбедното живеалиште, шаторот што никој нема да го склопи.+ Неговите клинови никогаш нема да бидат извадени, ниедно јаже нема да му се скине.+
21 Зашто, на тоа место Јехова, Величествениот+ Бог, ќе нѐ штити како што штитат реките+ и широките канали. По нив нема да пловат непријателски галии* и нема да поминува никаков силен брод.
22 Зашто, Јехова е наш Судија,+ Јехова е наш Законодавец,+ Јехова е наш Цар+ — тој ќе нѐ спаси.+
23 Непријателските јажиња ќе попуштат, па не ќе можат да го држат исправен својот јарбол и не ќе можат да распнат едро.
Тогаш ќе биде разделено изобилство плен. Сакатите ќе земат голем плен.+
24 И никој од жителите нема да рече: „Болен сум“.+ На народот што живее таму ќе му биде простен неговиот престап.+