Информации за обиколка
Дали треба однапред да закажеш обиколка? Да. За да се избегне гужва и за да може секој да ужива во обиколката, ги замолуваме оние што сакаат да го посетат Бетел, без разлика на големината на групата, да закажат однапред. Ве молиме, закажете најмалку една седмица однапред. Доколку сакате да дојдете на обиколка за време на државен празник или за време на училишниот распуст, најдобро е да закажете уште порано.
Дали ќе можеш да имаш обиколка доколку не си закажал однапред? Ако немаш закажано, можеби нема да бидеме во можност да ти организираме обиколка. Бидејќи просторот е ограничен, секој ден Бетел можат да го посетат само одреден број луѓе.
Кога треба да дојдеш на закажаната обиколка? За да почне обиколката навреме, те молиме да пристигнеш најмалку 10 минути пред закажаниот термин.
Како можеш да закажеш обиколка? Кликни на „Закажи обиколка“.
Дали можеш да го смениш терминот или да ја откажеш обиколката? Да. Кликни на „Провери го или смени го терминот“.
Што ако нема слободен термин во денот кој тебе ти одговара? Продолжи да проверуваш на страницата бидејќи, во меѓувреме, термините на некои обиколки можат да бидат сменети или откажани.
Закажи обиколка
Провери го или смени го терминот
Преземи проспект за обиколка
Адреса и телефонски број
Avenida Cundinamarca, Km. 1
Vía a Ecopetrol
FACATATIVÁ, CUND 253051
COLOMBIA
+57 601 891 1530
+57 601 594 8000
Најди ја локацијата