Зошто Јеховините сведоци одат од куќа до куќа?
Исус им рекол на своите следбеници да ,прават ученици од луѓето од сите народи‘ (Матеј 28:19, 20). На своите први ученици им дал задача да одат во домовите на луѓето (Матеј 10:7, 11-13). По смртта на Исус, христијаните од првиот век продолжиле да ја шират таа порака и „јавно и одејќи од куќа до куќа“ (Дела 5:42; 20:20). Ние го следиме примерот на тие рани христијани и сме утврдиле дека службата од куќа до куќа е еден добар начин да се дојде до луѓето.