Префрли се на текстот

БИБЛИЈАТА МЕНУВА ЖИВОТИ

Тие нашле „скапоцен бисер“

Тие нашле „скапоцен бисер“

 Исус поучувал дека Божјето Царство ќе ги реши сите проблеми на луѓето (Матеј 6:10). Во Матеј 13:44-46, тој ги дал следниве две споредби за да истакне колку е скапоцена вистината за Божјето Царство:

  •   Еден човек работи на нива и случајно наоѓа скриено богатство.

  •   Еден трговец кој патува барајќи убави бисери наоѓа скапоцен бисер.

 И двајцата мажи спремно продале сѐ што имале за да го купат богатството што го нашле. Тие ги претставуваат луѓето кои толку многу го ценат Божјето Царство што се спремни да направат големи жртви за да ги добијат благословите што тоа ќе ги донесе (Лука 18:29, 30). Во следниов видеоклип, погледни ги искуствата на две лица кои постапиле слично како двајцата мажи од споредбите на Исус.