СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?
Неверојатните пипала на октоподот
Инженерите од областа на роботиката развиваат опрема која ќе им помогне на хирурзите да извршуваат операции во тешко пристапни делови од телото со примена на минимално инвазивни методи. Флексибилните пипала на октоподот им дале идеја за еден извонреден изум.
Размисли: Со своите осум растегливи и флексибилни пипала октоподот може да го фати, да го стисне и да го држи пленот, дури и во многу мал простор. Тој може да ги витка пипалата во сите правци, но ако е потребно, некои делови од нив можат да останат вкочанети и неподвижни.
Истражувачите сметаат дека една роботска рака која е мека и флексибилна како пипалата на октоподот може да биде од непроценлива помош при извршувањето на минимално инвазивни операции. На тој начин, пациентите нема да мораат да се изложуваат на многу посложени и поопасни зафати.
Погледни како октоподот се движи со своите флексибилни пипала
Веќе е изработена една таква роботска рака, која засега се користи само во симулирани операции. Еден дел од флексибилната рака, која е долга 13,5 сантиметри, може да ги крева и да ги држи меките внатрешни органи без да ги оштети, а друг дел од раката ја извршува самата операција. Д-р Томасо Ранѕани, кој учествувал во развојот и изработката на оваа опрема, вели: „Сметаме дека ова е само почеток, и дека ќе следат нови верзии со многу подобри карактеристики“.
Што мислиш? Дали пипалата на октоподот настанале по пат на еволуција или се дело на мудар Творец?