Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Потпирај се на Јехова кога се соочуваш со малтретирање

Потпирај се на Јехова кога се соочуваш со малтретирање

Кога некој нѐ малтретира, тоа може да ни причини физичка и емоционална болка. Тоа може дури и да ни наштети во духовен поглед ако се исплашиме кога доживуваме противење поради тоа што му служиме на Јехова. Како можеш да се заштитиш ако некој те малтретира?

Многу слуги на Јехова успешно се справиле со малтретирање така што се потпирале на Јехова (Пс 18:17). На пример, Естира храбро ги разоткрила плановите на злобниот Аман (Ес 7:1-6). Пред да го направи тоа, таа покажала дека се потпира на Јехова со тоа што постела (Ес 4:14-16). Јехова го благословил сето она што го направила и ги заштитил неа и својот народ.

Млади, ако некој ве малтретира, молете го Јехова за помош и зборувајте за тоа со некое зрело возрасно лице, на пример со родителите. Бидете сигурни дека Јехова ќе ви помогне исто како што ѝ помогнал на Естира. Што друго може да ви помогне да се справите со малтретирањето?

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ МОИТЕ ТИНЕЈЏЕРСКИ ГОДИНИ — КАКО ДА СЕ СПРАВАМ СО МАЛТРЕТИРАЊЕТО?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Што може да научат младите од примерот на Чарли и Ферин?

  • Што може да научат родителите од она што го кажаа Чарли и Ферин во врска со тоа како може да им помогнат на децата да се справат со малтретирање?