ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ
Заштити го твоето скапоцено наследство
Халев го заштитил своето наследство така што ги протерал моќните непријатели (ИсН 15:14; w93 15/5 28, пас. 5-6)
Некои Израелци не го заштитиле своето наследство од луѓе кои не му служеле на Јехова (ИсН 16:10; w08 15/2 26, пас. 3)
Јехова им помогнал на оние на кои им било важно да го заштитат своето наследство (5Мо 20:1-4; ИсН 17:17, 18; it-1-E 402, пас. 3)
На сите свои слуги, Јехова им нуди едно скапоцено наследство — вечен живот. За да го сочуваме тоа наследство, потребно е да се спротивставиме на искушенијата. Во тоа може да ни помогнат проучувањето на Библијата, христијанските состаноци, службата на проповедање и молитвата.
ПРАШАЈ СЕ: „Дали го штитам моето наследство?“