ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Резултати од сведочењето со колички низ целиот свет
Според 5. поглавје од Дела, христијаните од првиот век оделе во храмот. Со која цел? Тоа било јавно место каде што имало многу луѓе на кои можеле да им ја пренесат добрата вест (Де 5:19-21, 42). Денес, гледаме многу добри резултати од сведочењето со колички на јавни места.
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ РЕЗУЛТАТИ ОД СВЕДОЧЕЊЕТО СО КОЛИЧКИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ, А ПОТОА ОДГОВОРИ НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Кога и како започна сведочењето со колички?
-
Зошто честопати е подобро да се сведочи со количка отколку со маса?
-
Што можеме да научиме од искуството на Ми Јунг Ју?
-
Како искуството на Хакоб Саломе покажува колку е важен овој вид служба?
-
Што учиме од искуството на Аниз и нејзиниот сопруг за тоа како можеме делотворно да сведочиме со количка?