ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Да соработуваме додека проповедаме на подрачје на кое се зборуваат повеќе јазици
Луѓето честопати полесно ја прифаќаат пораката за Царството доколку ја слушнат на својот мајчин јазик. Можеби токму затоа на Педесетница 33 год. од н.е., Јехова се погрижил „богобојазливи Евреи од сите народи под небото“ да ја слушнат добрата вест на „својот јазик“, иако веројатно знаеле хебрејски или грчки (Де 2:5, 8). Денес, во местата каде што живеат луѓе кои зборуваат на различни јазици, собранијата кои одржуваат состаноци на различни јазици можеби ги обработуваат истите подрачја. Како можат објавителите од тие собранија да соработуваат за да може добрата вест да стигне до секој човек, а да внимаваат да не сведочат на истите врати и со тоа да ги вознемируваат станарите?
-
Разговарај со другите (Из 15:22): Надгледниците за служба на собранијата кои се вклучени треба да разговараат и да се договорат кој е најдобриот начин да се проповеда добрата вест. Доколку немаат многу големо подрачје, собранијата кои проповедаат на други јазици веројатно ќе сакаат да не проповедате во домовите во кои живеат луѓе кои зборуваат на нивниот јазик. Сепак, ако не можат редовно да го обработуваат своето подрачје затоа што опфаќа огромна територија, можеби ќе сакаат да не изоставите ниту еден дом и да ги известите кога некој на нивното подрачје покажува интерес (od стр. 93, пас. 37). Или можеби ќе го замолат вашето собрание да им помогне да најдат луѓе кои зборуваат на јазикот на нивното собрание и чии адреси можат да се префрлат на нивното подрачје. Имајте на ум дека во некои домови можат да се зборуваат повеќе јазици. Начинот на кој се обработува подрачјето треба да биде во склад со законите за заштита на лични податоци.
-
Соработувај со другите (Еф 4:16): Внимателно следи ги упатствата што ги добиваш од твојот надгледник за служба. Дали водиш библиски курс со некој кој повеќе би сакал да проучува на друг јазик отколку на јазикот на твоето собрание? Интересентот веројатно побрзо ќе напредува доколку го предадеш библискиот курс на објавител од некое блиско собрание или група на неговиот јазик.
-
Подготви се (Из 15:28; 16:1): Ако станарот зборува на друг јазик, дај сѐ од себе за да му ја пренесеш добрата вест. Можеш да се подготвиш така што ќе дознаеш на кои сѐ јазици зборуваат луѓето на твоето подрачје. Потоа, можеш однапред на твојот електронски уред да симнеш превод на Библијата и видеоклипови на тие јазици. Исто така, со помош на апликацијата JW Language можеш да научиш неколку поздрави на повеќе јазици.