Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА

Помогни им на интересентите да станат блиски пријатели со Јехова

Помогни им на интересентите да станат блиски пријатели со Јехова

Јехова сака да му служиме од љубов (Мт 22:37, 38). Токму љубовта кон Бог ќе им даде сила на интересентите да ги направат потребните промени и да не потклекнат на искушенијата (1Јо 5:3). Љубовта кон Бог ќе ги поттикне да се крстат.

Помогни им на интересентите да видат докази дека Бог ги сака. Прашај ги: „Што учиш од ова за Јехова?“; „Како ова покажува дека Бог те сака?“ Помогни им да увидат како Јехова им помага (2Ле 16:9). Кажи им како Јехова ти одговорил на некои твои конкретни молитви и поттикни ги да забележат како тој одговара на нивните. Голема радост ни носи кога гледаме како интересентите возвраќаат на Јеховината љубов и покажуваат дека сакаат да бидат негови пријатели.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОМОГНИ ИМ НА ТВОИТЕ ИНТЕРЕСЕНТИ ДА СТАНАТ БЛИСКИ ПРИЈАТЕЛИ СО ЈЕХОВА, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Со каков проблем се соочи Џејд?

  • Како Нита ѝ помогна на Џејд?

  • Како Џејд успеа да го надмине проблемот?