Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Стани повешт во службата — покажи му на интересентот како да се подготвува

Стани повешт во службата — покажи му на интересентот како да се подготвува

ЗОШТО Е ВАЖНО: Ако се подготвени, оние со кои проучуваме полесно ќе го разберат и ќе го запамтат материјалот. Исто така, ова ќе придонесе побрзо да напредуваат. Дури и откако ќе се крстат, тие треба да се подготвуваат за состаноците и за службата на подрачјето за да останат будни (Мт 25:13). Значи, ако научат како да проучуваат и ако стекнат добри навики на проучување, тоа ќе им користи цел живот. Кога ќе почнете да проучувате, веднаш почни да му помагаш на интересентот да стекне навика да се подготвува за библискиот курс.

КАКО ДА ГО ПРАВИМЕ ТОА:

  • Биди му добар пример (Ри 2:21). Подготвувај се за курсот имајќи го на ум интересентот (km 11/15 стр. 3). Покажи му ја својата публикација која претходно си ја потцртал

  • Поттикни го да се подготвува. Уште на почетокот кажи му дека подготовката е дел од курсот и објасни му кои се користите од тоа. Дај му некои практични предлози за тоа како да најде време за да се подготвува. Некои објавители му ја даваат на лицето својата книга за да види колку е корисно да си однапред подготвен. Пофали го кога е подготвен

  • Покажи му како да се подготвува. Само што ќе почнат да проучуваат со некого, некои објавители издвојуваат еден термин за да му покажат на интересентот како да се подготвува