Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Срдечно да ги пречекаме гостите

Срдечно да ги пречекаме гостите

На 23 март, на Спомен-свеченоста се очекува да имаме околу 12 милиони гости. Големо сведоштво за нив ќе биде говорот во кој ќе чујат колку прекрасен дар од Јехова е откупнината и какви благослови во иднина ќе им донесе таа на луѓето (Иса 11:6-9; 35:5, 6; 65:21-23; Јвн 3:16). Меѓутоа, и ние можеме да дадеме сведоштво во таа посебна прилика. Сите можеме срдечно да ги пречекаме гостите (Ри 15:7). Еве неколку предлози.

  • Наместо само да си седнеш и да чекаш програмата да почне, изрази им добредојде на гостите и на неактивните така што срдечно ќе им се насмевнеш и пријателски ќе ги поздравиш.

  • Убаво е да им обрнеш посебно внимание на познајниците што ти лично си ги поканил, но не ги запоставувај ни оние што дошле затоа што добиле покана за време на акцијата. Понуди му на некој што првпат доаѓа да седне до тебе и да следи во твојата Библија и песнарка.

  • По говорот, кажи му дека може слободно да те праша ако нешто го интересира. Ако времето е ограничено затоа што вашето собрание мора да ја ослободи просторијата за следното собрание, договори се за неколку дена да го посетиш. За да добиеш контакт-информации, би можел да речеш: „Мило ми е што дојде вечерва. Ако сакаш, може да си смениме броеви“.