Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. КОРИНЌАНИТЕ 4-6

„Не се откажуваме“

„Не се откажуваме“

4:16-18

Замисли дека две семејства живеат во една стара зграда која е во многу лоша состојба. Едното семејство е во очај, и тоа е разбирливо. Но, интересно е дека другото семејство е среќно. Зошто? Бидејќи членовите на тоа семејство наскоро ќе се преселат во нова и убава куќа.

Иако „целото создание заедно воздивнува и... е во болка сѐ досега“, Божјите слуги имаат надеж која им дава сила да продолжат напред (Ри 8:22). Ние знаеме дека неволјите што ги имаме сега, па дури и оние кои нѐ измачуваат со години, се моментални и лесни ако се споредат со вечниот живот во Божјиот нов свет. Тоа што ќе размислуваме за благословите што ќе ни ги донесе Божјето Царство ќе ни помогне да бидеме среќни и да не се откажеме.