Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА

Труди се да допреш до срцето

Труди се да допреш до срцето

Вистинската послушност кон Бог е поврзана со нашето срце (Из 3:1). Затоа, кога ги поучуваме луѓето, треба да се трудиме да допреме до нивното срце. Како може да успееме во тоа?

Не е доволно само да го поучуваш интересентот за библиските вистини. Треба да му помогнеш да сфати како тие се поврзани со неговиот живот и со неговото пријателство со Јехова. Помогни му да сфати и како од библиските мерила се гледаат Божјата љубов, добрина и праведност. Поставувај му промислени прашања за да му помогнеш подлабоко да размислува за она што го учи. Поттикни го да размисли како ќе му користи тоа што ќе ги смени погрешните ставови или лошите навики. Кога ќе забележиш дека твојот интересент сѐ повеќе го сака Јехова, ќе бидеш уште порадосен.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НАЈДИ РАДОСТ ВО ПОУЧУВАЊЕТО — ПОДОБРИ ГИ СВОИТЕ ВЕШТИНИ: ТРУДИ СЕ ДА ДОПРЕШ ДО СРЦЕТО, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Зошто Нита ја праша Џејд: „Размислуваше за она за што зборувавме?“

  • На кој начин Нита ѝ помогна на Џејд да сфати како библиските мерила покажуваат дека Јехова ја сака?

  • Ако допреме до срцето на интересентот, тој ќе биде поттикнат духовно да напредува

    На кој начин Нита ѝ помогна на Џејд да сфати како може да му покаже на Бог дека го сака?