Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 12

Што учат христијаните од Пасхата

Што учат христијаните од Пасхата

12:5-7, 12, 13, 24-27

За да не бидат погодени од десеттата неволја, Израелците морале да ги послушаат упатствата што им ги дал Јехова (2Мо 12:28). Ноќта на 14 нисан, семејствата требало да се соберат во своите домови. Требало да заколат машко јагне или јаре годиначе, и со неговата крв да ги попрскаат довратниците и надвратникот. Потоа требало да го испечат целото животно и да го изедат набрзина. Никој не смеел да излегува од куќата сѐ до утрото (2Мо 12:9-11, 22).

На кои конкретни начини послушноста нѐ штити денес?