Мојсеј и Арон покажале голема храброст
Мојсеј и Арон покажале голема храброст кога зборувале со фараонот, кој во тоа време бил најмоќниот човек во светот. Што им помогнало во тоа? Во врска со Мојсеј, Библијата вели: „Со вера го остави Египет — но не го направи тоа затоа што се плашеше од царскиот гнев — бидејќи остана постојан како да го гледа Невидливиот“ (Ев 11:27). Мојсеј и Арон имале цврста вера во Јехова и се потпирале на него.
Во кои ситуации е потребна храброст за да му ги објасниш своите верувања на некој што има одреден авторитет?