Горделивиот фараон несвесно ја исполнил Божјата намера
Египетските фараони се сметале себеси за богови. Ова ни помага да сфатиме зошто фараонот бил премногу горделив за да ги послуша Мојсеј и Арон, па дури и своите свештеници кои се занимавале со магија.
Дали спремно ги слушаш другите кога даваат предлози? Дали си благодарен кога некој ќе ти даде совет? Или, пак, мислиш дека секогаш ти си во право? Библијата вели: „Гордоста оди пред пропаста“ (Из 16:18). Колку е важно да се чуваме од гордоста!