ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ЗГОЛЕМИ ЈА РАДОСТА ВО СЛУЖБАТА
Помогни им на интересентите да присуствуваат на состаноците
Присуството на состаноците е важен дел од обожавањето на вистинскиот Бог (Пс 22:22). Кога се собираме со другите за да го славиме Јехова, чувствуваме радост и имаме благослови (Пс 65:4). Интересентите обично побрзо напредуваат кога редовно присуствуваат на состаноците.
Како можеш да му помогнеш на твојот интересент да почне да доаѓа на состаноците? Поканувај го во разни прилики. Покажи му го клипот Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци? Објасни му како ни користат состаноците (lff лекција 10). Можеш да спомнеш некоја мисла што си ја чул на некој состанок или да му кажеш што ќе се зборува на наредниот состанок. Дај му ги публикациите што ќе се користат. Исто така, понуди му практична помош. Можеби му е потребен превоз. Кога твојот интересент за првпат ќе дојде на состанок, ќе видиш дека сиот труд што си го вложил навистина вредел! (1Ко 14:24, 25).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПОМОГНИ ИМ НА ТВОИТЕ ИНТЕРЕСЕНТИ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА СОСТАНОЦИТЕ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
-
Која прилика ја искористи Нита за да ја покани Џејд на состанок?
-
Зошто се радуваме кога некој интересент ќе почне да доаѓа на состаноците?
-
Во што се увери Џејд кога за првпат присуствуваше на состанок?