Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Биди уверен во Јеховината лојална љубов

Биди уверен во Јеховината лојална љубов

Ти си скапоцен за Јехова (Иса 43:4). Тој те привлекол кон себе и кон својата организација. Затоа што си му го заветувал животот и си се крстил, ти му припаѓаш нему. Тој ќе се грижи за тебе дури и кога минуваш низ тешки ситуации, бидејќи многу му значиш. Јехова ќе ти покажува лојална љубов преку својата организација (Пс 25:10).

Можеме да си го продлабочиме ценењето за Јеховината лојална љубов така што ќе разгледаме како во изминатиов период неговата организација пружила помош при некои природни катастрофи.

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ИЗВЕШТАЈ НА ОДБОРОТ НА КООРДИНАТОРИ ЗА 2019, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како Одборот на координатори ги подготвува подружниците низ светот да преземат соодветни мерки во случај на катастрофи?

  • Како Јеховината организација се погрижила браќата во Индонезија и во Нигерија да добијат соодветни упатства и практична помош?

  • Кои од работите што организацијата ги презеде во справувањето со пандемијата со КОВИД-19 особено ги цениш?