Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Дали извлекуваш корист од брошурката Секојдневно истражување на Писмото?

Дали извлекуваш корист од брошурката Секојдневно истражување на Писмото?

Дали имаш навика секој ден да го читаш дневниот стих и коментарот од брошурката Секојдневно истражување на Писмото? Ако не, дали би можел да почнеш да го правиш тоа? Мнозина го разгледуваат дневниот стих наутро, а потоа можат да размислуваат за него во текот на целиот ден (ИсН 1:8; Пс 119:97). Како можеш да извлечеш уште поголема корист од дневниот стих? Би можел да го прочиташ контекстот од кој е земен за да дознаеш нешто повеќе. Обиди се да се сетиш на некој библиски извештај на кој се однесува начелото кое е истакнато во стихот. Потоа размисли како тоа начело е поврзано со твојот живот. Кога донесуваш одлуки во склад со Божјата Реч, дозволуваш таа да те води во животот и можеш да имаш вистинска корист од неа (Пс 119:105).

Бетелските семејства низ целиот свет го разгледуваат дневниот стих за време на библиската утринска програма. Во последниве години, многу коментари од утринската програма беа ставени на JW Broadcasting® во делот ПРОГРАМИ И НАСТАНИ. Кога последен пат гледаше некој од нив? Можеби некои од информациите што се изнесени таму се токму тоа што ти е потребно. На пример, како може извештајот за Лот да ти помогне кога донесуваш одлуки?

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ НЕМОЈТЕ ДА ГО САКАТЕ СВЕТОТ (1ЈО 2:15), А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • На кое библиско начело се темелеше оваа утринска програма?

  • Како извештајот за Лот покажува колку е опасно да го сакаме светот или она што е во него? (1Мо 13:12; 14:12; 19:3, 12, 13, 24-26).

  • Како покажуваме дека го сакаме Јехова, а не светот или она што е во него?

Како можам да покажувам во текот на целиот ден дека ја ценам Јеховината Реч?