Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

25-31 август

ИЗРЕКИ 28

25-31 август

Песна 150 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ

1. Која е разликата помеѓу праведниот и злиот

(10 мин.)

Злиот го обзема страв, а праведниот е храбар (Из 28:1; w93 15/5 26, пас. 2)

Злиот не може исправно да ги процени работите, а праведниот може да донесува подобри одлуки (Из 28:5; it-2-E 1139, пас. 3)

Злиот кој е богат има помала вредност од праведниот кој е сиромашен (Из 28:6; it-1-E 1211, пас. 4)

2. Духовни бисери

(10 мин.)

  • Из 28:14 — На што нѐ предупредува оваа изрека? (w01 1/12 12, пас. 1)

  • Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?

3. Читање на Библијата

ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА

4. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Разговарај со станарот за крајот на војните и на насилството. (lmd лекција 5: точка 5)

5. Започнување разговори

(3 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Разговарај со станарот за крајот на војните и на насилството. (lmd лекција 5: точка 4)

6. Започнување разговори

(2 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Разговарај со лицето за крајот на војните и на насилството. (lmd лекција 1: точка 4)

7. Започнување разговори

(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Разговарај со лицето за крајот на војните и на насилството. (lmd лекција 2: точка 4)

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Песна 112

8. Дали го мразиш насилството?

(6 мин.) Дискусија.

Насилството потекнува од Сатана Ѓаволот, кого Исус го нарекол „човекоубиец“ (Јвн 8:44). Откако ангелите му се придружиле на Сатана во побуната, насилството толку се раширило што Земјата се расипала во Божји очи (1Мо 6:11). Како што се приближува крајот на насилниот свет на Сатана, сѐ повеќе луѓе стануваат сурови и без самосовладување (2Ти 3:1, 3).

Прочитај Псалм 11:5. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како гледа Јехова на оние што го сакаат насилството, и зошто?

  • Како во некои спортови и во дел од забавата се гледа дека луѓето го сакаат насилството?

Прочитај Изреки 22:24, 25. Потоа, прашај ги присутните:

  • Како нашиот избор на забава и на луѓето со кои се дружиме може да влијае врз нашиот став кон насилството?

  • Како може од нашиот избор на забава да се види дали го сакаме насилството?

9. Посебна акција во септември

(9 мин.)

Говор од надгледникот за служба. Труди се да им разгориш желба на присутните да учествуваат во оваа акција и објасни какви подготовки прави вашето собрание за неа.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Конечно мир (песна за конгресот за 2022).

10. Собраниско проучување на Библијата

Заклучни зборови (3 мин.) | Песна 113 и молитва