17-23 март
ИЗРЕКИ 5
Песна 122 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Чувај се од сексуален неморал
(10 мин.)
Сексуалниот неморал може да биде примамлив (Из 5:3; w00 15/7 29, пас. 1)
Сексуалниот неморал води до горчливи последици (Из 5:4, 5; w00 15/7 29, пас. 2)
Чувај се од сексуален неморал (Из 5:8; w00 15/7 29, пас. 5)
2. Духовни бисери
(10 мин.)
-
Из 5:9 — Како со сексуалниот неморал едно лице го дава „своето достоинство на други“? (w00 15/7 29, пас. 7)
-
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Из 5:1-23 (th лекција 5)
4. Започнување разговори
(3 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Покани на Спомен-свеченоста некој што не е христијанин, и со помош на jw.org најди каде и кога ќе се одржи тој настан во негова близина. (lmd лекција 6: точка 4)
5. Правење повторни посети
(4 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. На претходната посета, лицето зело покана за Спомен-свеченост и покажало интерес. (lmd лекција 9: точка 5)
6. Водење библиски курсеви
(5 мин.) lff лекција 16: Што научи, Како би одговорил и Цел. Интересентот прашува дали Исус бил женет; покажи му како да го најде одговорот. (lmd лекција 11: точка 4)
Песна 121
7. Внимавај да останеш морално чист додека си во романтична врска
(15 мин.) Дискусија.
Општо земено, кога двајца имаат романтични чувства еден кон друг и минуваат време заедно, тие се во врска. Тоа може да биде во група или насамо, јавно или тајно, лице в лице, преку телефон или преку пораки. На романтичните врски ние гледаме како на сериозен чекор што води кон брак, а не како на обична забава. Кои мерки на претпазливост можат да помогнат некому, сеедно дали е млад или стар, да се чува од сексуален неморал додека е во врска? (Из 22:3).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Како да се подготвиш за брак — 1. дел: Дали сум спремен за врска? — извадок. Потоа, прашај ги присутните:
-
Зошто едно лице не треба да започне врска додека не е спремно за брак? (Из 13:12; Лк 14:28-30).
-
Што ти остави впечаток во врска со начинот на кој родителите ѝ помогнаа на својата ќерка?
Прочитај Изреки 28:26. Потоа, прашај ги присутните:
-
Што може да прави еден пар за да избегнува ситуации кои можат да водат до сексуален неморал?
-
Зошто е мудро еден пар однапред да си постави јасни граници за изразите на љубов, како на пример држење за рака и бакнување?
Прочитај Ефешаните 5:3, 4. Потоа, прашај ги присутните:
-
На што треба да внимава еден пар во врска со нивните разговори по телефон или онлајн?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) bt погл. 24, пас. 1-6