ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ЛАГИ ШТО ГО ОЦРНУВААТ БОГ
Втора лага: Бог е мистерија
ШТО МИСЛАТ НЕКОИ
Христијанската религија „во своите три основни правци — католицизмот, православието и протестантизмот, го застапува верувањето дека Бог се состои од три личности: Бог Отецот, Бог Синот и Бог Светиот дух. Според христијанската теологија, целта на ова учење не е да покаже дека постојат три бога, туку дека тие три бога во суштина се едно“ (The New Encyclopædia Britannica).
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
Исус, Божјиот син, никогаш не тврдел дека е еднаков или „единосуштен“ со неговиот Татко. Напротив, тој рекол: „Си заминувам кај Таткото, зашто Таткото е поголем од мене“ (Јован 14:28). Исто така, на своите ученици им рекол: „Одам горе кај мојот Татко и вашиот Татко, кај мојот Бог и вашиот Бог“ (Јован 20:17).
Светиот дух не е личност. Првите христијани ‚се исполниле со свет дух‘, а Јехова рекол: „Ќе го излеам својот дух на најразлични луѓе“ (Дела 2:1-4, 17). Тоа покажува дека светиот дух не е дел од тројство, туку силата со која се служи Бог.
ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ЈА ЗНАЕМЕ ВИСТИНАТА
Според католичките изучувачи Карл Ранер и Херберт Форгримлер, тројството „не може да се сфати без објава, а дури и со објава, пак не може потполно да се разбере“. Можно ли е да сакаш некој што не може да се сфати и да се запознае? Учењето за тројство само ги спречува луѓето да го запознаат и да го засакаат Бог.
Тројството било таква препрека за Марко. Тој вели: „Мислев дека Бог сака да скрие кој е и поради тоа ми беше далечен, мистериозен и непристаплив“. Но, во Библијата пишува дека „Бог не е Бог на нередот“ (1. Коринќаните 14:33). Тој не се крие од нас. Напротив, сака да го запознаеме. Исус рекол: „Го почитуваме она што го познаваме“ (Јован 4:22).
„Кога сфатив дека Бог не е дел од некакво тројство, конечно можев да се зближам со него“, вели Марко. Ако на Јехова гледаме како на реална личност, а не како на некое мистериозно битие, ќе ни биде многу полесно да го сакаме. Во Библијата пишува: „Кој не покажува љубов, не го запознал Бог, зашто Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8).