Лажно обвинет!
Катче за младите
Лажно обвинет!
ЈОСИФ — 2 ДЕЛ
Упатство: Седни на тивко место и прочитај ги стиховите што се дадени подолу. Додека читаш, замисли си дека си во тоа време и на тоа место. Претстави си ги околината и луѓето. Слушај ги гласовите. Соживеј се со чувствата на главните ликови. Живо претстави си ги настаните.
Главни ликови: Јосиф, Петефри и неговата жена.
Кратка содржина: Јосиф е неправедно затворен, но Јехова е со него.
1 АНАЛИЗИРАЈ ЈА СЦЕНАТА. (ПРОЧИТАЈ 1. МОЈСЕЕВА 39:7, 10-23.)
Какви чувства открива гласот на Петефриевата жена додека лажно го обвинува Јосиф?
․․․․․
Како си го замислуваш затворот?
․․․․․
Со што се соочил Јосиф во затворот? (Мала помош: Види Псалм 105:17, 18.)
․․․․․
2 РАЗМИСЛИ ПОДЛАБОКО.
Ако немал цврста вера, до каков погрешен заклучок ќе дошол Јосиф додека бил во затворот? (Мала помош: Види Јов 30:20, 21.)
․․․․․
Од каде знаеме дека Јосиф не го обвинувал Јехова за своите страдања? (Мала помош: Види 1. Мојсеева 40:8; 41:15, 16.)
․․․․․
Кои особини му помогнале на Јосиф да ги поднесе неправдите? (Мала помош: Прочитај ги и размислувај за стиховите од Михеј 7:7; Лука 14:11 и Јаков 1:4.)
․․․․․
1. Мојсеева 39:21-23; 41:38-43.)
Кои особини ги стекнал Јосиф во затворот, и како тие му користеле подоцна во животот? (Мала помош: Види․․․․․
3 ИЗВЛЕЧИ ПОУКА. ЗАПИШИ СИ ШТО НАУЧИ ЗА...
благословите што ги имаат оние кои ќе истраат:
․․․․․
особините што ќе ги стекнеш додека се соочуваш со тешкотии:
․․․․․
начинот на кој ќе ти помогне Јехова кога ќе се најдеш во искушение:
․․․․․
ДРУГИ ПОУКИ.
Дали си се нашол во ситуација кога ти било тешко, а немало кој да ти помогне? Како те зајакнал Јехова во тие моменти? (Мала помош: Прочитај и размисли за 1. Коринќаните 10:13.)
․․․․․
4 ШТО ТИ ОСТАВИ НАЈСИЛЕН ВПЕЧАТОК ОД ОВОЈ ИЗВЕШТАЈ, И ЗОШТО?
․․․․․
Ако немаш Библија, побарај од Јеховините сведоци. Други библиски публикации можеш да најдеш на www.watchtower.org и на www.jw.org