Исправен став кон алкохолот
Исправен став кон алкохолот
ТОНИ, кого го спомнавме во првата статија, можел да има сосема поинаков живот — само ако си признаел дека има проблем со пиењето. Меѓутоа, бидејќи му се чинело дека може да испие многу без да има некакви симптоми, си мислел дека има контрола над својот живот. Зошто неговата проценка била толку погрешна?
Неговото просудување било искривено од претераното пиење. Сеедно дали Тони бил свесен за тоа или не, мозокот, кој ја контролирал неговата физичка, ментална и емоционална состојба, лошо функционирал кога бил под дејство на преголемо количество алкохол. Колку повеќе пиел, толку помалку можел да процени во каква состојба се наоѓа.
Втора причина зошто Тони имал погрешна проценка за себеси било тоа што чувствувал силна желба да продолжи да пие. Ален, кого го спомнавме во претходните статии, во почетокот не признавал дека има проблем со алкохолот. „Криев дека пијам“, отворено вели тој, „и постојано си наоѓав изговори и се обидував да го негирам фактот дека претерувам. Мислев само на едно — да си најдам оправдание за пиењето.“ Иако за другите било очигледно дека алкохолот почнал да ги контролира Тони и Ален, секој од нив упорно се убедувал себеси дека сѐ е како што треба. Обајцата требало да направат нешто за да преземат контрола над пиењето. Но, што?
Преземи чекори!
Многумина успеале да престанат да пијат затоа што презеле чекори во склад со Исусовите зборови: „Според тоа, ако твоето десно око те наведува на грев, извади го и фрли го од себе. Зашто, подобро ти е да изгубиш Матеј 5:29).
еден од своите делови на телото отколку целото твое тело да биде фрлено во геената“ (Се разбира, Исус не сакал да каже дека човек треба да се осакати. Наместо тоа, сликовито истакнал дека треба да сме спремни да отстраниме од својот живот сѐ што би можело да ни нанесе духовна штета. Точно е дека тоа можеби нема да биде воопшто лесно. Но, ќе ни помогне да не западнеме во ситуации и начин на размислување кои може да водат до прекумерно пиење. Затоа, ако другите ти велат дека ги загрижува тоа што премногу пиеш, преземи чекори да го доведеш пиењето под контрола. * Ако сфатиш дека не можеш да се контролираш, биди спремен сосема да престанеш. Колку и да ти падне тешко тоа, сигурно ќе ти биде полесно да ја поднесеш моменталната болка отколку да си го уништиш животот.
Дури и ако не си алкохоличар, дали имаш склоност да се напиеш повеќе? Ако да, кои практични чекори можеш да ги преземеш за да задржиш исправен став кон алкохолот?
Каде да најдеш помош
1. Имај вера во моќта на редовната, срдечна молитва. Библијата им го дава овој совет на сите што сакаат да му угодат на Јехова Бог: „Во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7). За што би можел да се молиш ако сакаш да стекнеш таков душевен мир?
Искрено признај си дека имаш проблем со алкохолот и дека никој друг не ти е крив за тоа. Ако му кажеш на Бог што би сакал да направиш во врска со својот проблем и ако преземеш нешто, тој ќе ти помогне да најдеш решение и да избегнеш посериозни последици. „Кој ги крие престапите свои, ќе нема успех, а оној што ги признава и ги остава, ќе биде помилуван“ (Изреки 28:13). Исто така, Исус рекол дека можеме да се молиме и за ова: „Не воведувај нѐ во искушение, туку избави нѐ од Злобниот“ (Матеј 6:13). Но, како можеш да постапуваш во склад со таквите молитви, и каде можеш да најдеш одговор на твоите преколнувања?
2. Црпи сила од Божјата Реч. „Речта Божја е жива и делотворна... па може да ги процени мислите и намерите на срцето“ (Евреите 4:12). На мнозина што имале проблем со пиењето, им помогнало тоа што секој ден читале стихови од Библијата и размислувале за нив. „Среќен е човекот што не постапува според советот на злите“, напишал еден богобојазлив псалмист, „туку ужива во законот на Јехова и внимателно го чита неговиот закон дење и ноќе... Во сѐ што прави, ќе биде успешен“ (Псалм 1:1-3).
Ален, кој нашол сила да победи во борбата со алкохолот благодарение на тоа што ја проучувал Библијата со Јеховините сведоци, вели: „Уверен сум дека, да не беа Библијата и библиските начела што ми помогнаа да прекинам со пиењето, досега ќе бев мртов“.
3. Покажувај самосовладување. Библијата известува дека некои поранешни пијаници кои станале христијани биле исчистени „со духот на нашиот Бог“ (1. Коринќаните 6:9-11). На кој начин? Како прво, успеале да се откажат од пијанките и разузданите гозби. Во тоа им помогнало самосовладувањето, особина што се стекнува со помош на Божјиот свет дух. „Не опивајте се со вино, во кое има разузданост, туку исполнувајте се со дух“ (Ефешаните 5:18; Галатите 5:21-23). Исус Христос ветил дека „Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа!“ Затоа, „молете, и ќе ви се даде!“ (Лука 11:9, 13).
Оние што сакаат да му служат на Јехова на прифатлив начин, можат да стекнат самосовладување ако ја читаат и ја Галатите 6:8, 9).
проучуваат Библијата и ако се молат често и од срце. Наместо да се обесхрабруваш, мисли на ова ветување што се наоѓа во Божјата Реч: „Кој сее во духот, од духот ќе пожнее вечен живот. Затоа, да не се откажеме од правење добро, бидејќи, ако не се умориме, ќе жнееме кога ќе дојде време“ (4. Најди пријатели што позитивно ќе влијаат на тебе. „Кој оди со мудрите, ќе стане мудар, а кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине“ (Изреки 13:20). Кажи им на твоите пријатели дека си решил да водиш сметка колку пиеш. Сепак, Божјата Реч предупредува дека, кога ќе се откажеш од ‚пијанство, разуздани гозби и натпивања‘, некои од твоите поранешни пријатели ќе ‚се чудат и ќе зборуваат срамно за тебе‘ (1. Петрово 4:3, 4). Биди решен да прекинеш да се дружиш со оние што не те поддржуваат во одлуката да внимаваш колку ќе пиеш.
5. Постави си јасни граници. „Не дозволувајте и понатаму да ве обликува овој свет, туку преобразете се така што ќе го обновите својот ум, за да утврдите која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено“ (Римјаните 12:2). Ако дозволиш начелата од Божјата Реч да ти помогнат да си поставиш граници наместо да дозволиш тоа да го направат другите луѓе или „овој свет“, ќе живееш на начин што е прифатлив за Бог. Но, како да одредиш кои граници се разумни за тебе?
Секое количество алкохол што ти го нарушува просудувањето и ти го замаглува размислувањето, е премногу за тебе. Затоа, ако решиш да пиеш, не е мудро да си поставиш некоја неодредена граница што се движи меѓу трезвеност и пијанство. Не дозволувај самозалажувањето да ја искриви твојата искрена проценка за тоа колку пиеш. Постави си јасна, безбедна граница во рамките на она што е умерено — граница што ќе те штити од претерано пиење.
Матеј 5:37). Научи учтиво да одбиеш кога некој добронамерен, но непромислен домаќин упорно ќе ти нуди да се напиеш. „Вашиот збор секогаш нека биде пријатен, зачинет со сол, да знаете секому да му одговорите како што треба“ (Колошаните 4:6).
6. Научи да речеш ‚не‘. „Кога ќе речете: ‚Да‘, тоа нека значи ‚да‘, кога ќе речете: ‚Не‘, тоа нека значи ‚не‘“ (7. Побарај помош. Побарај помош од пријателите што те поддржуваат во твојата одлука да се контролираш колку пиеш и што можат духовно да ти помогнат. „Подобро им е на двајца отколку на еден, зашто имаат добра плата за својот труд. Зашто, ако падне едниот, другиот ќе го подигне другарот свој“ (Проповедник 4:9, 10; Јаков 5:14, 16). Американскиот државен институт за борба против алкохолизмот и злоупотребата на алкохол дава сличен совет: „Понекогаш може да биде тешко да намалиш со пиењето. Замоли ги домашните и пријателите да те поддржат и да ти помогнат да ја постигнеш својата цел“.
8. Држи се за својата одлука. „Немојте само да ја слушате речта, туку и извршувајте ја, за да не се залажувате самите себе. А оној што ќе се задлабочи во совршениот закон на слободата и ќе се прилепи до него, и не е заборавлив слушател, туку извршител на речта, ќе биде среќен што ја врши“ (Јаков 1:22, 25).
Како да се ослободиш од зависноста
Не станува алкохоличар секој што претерано пие. Но, некои почнуваат да пијат толку многу — или толку често — што стануваат зависници. Бидејќи зависноста од алкохол вклучува и физичка и психичка зависност од јаки супстанции, на таквите лица можеби ќе им треба нешто повеќе од силна волја и духовна помош за да се ослободат од алкохолизмот. „Кога се откажував од алкохолот“, се потсетува Ален, „чувствував неопислива физичка болка. Тогаш сфатив дека, освен духовната помош што ја добивав, ми треба и медицинска помош.“
На многу лица што пијат, потребно им е и медицинско лекување како помош во духовната битка што ја водат за да прекинат * Некои треба да бидат задржани во болница за да се изборат со силните симптоми на одвикнување или за да примаат лекарства кои ќе го намалат незапирливиот копнеж по алкохол и ќе им помогнат да не почнат повторно да пијат. Божјиот Син, кој правел чуда, рекол: „На силните не им треба лекар, туку на болните“ (Марко 2:17).
со алкохолот и да не му се вратат пак.Како ни користат поуките од Бог
Разумниот совет од Библијата во врска со алкохолот доаѓа од вистинскиот Бог, кој ни го посакува најдоброто — не само нашето моментално добро туку и нашето трајно добро. Дваесет и четири години откако се откажал од алкохолот, Ален си спомнува: „Се чувствував убаво кога ќе помислев дека можам да бидам поинаков, дека Јехова сака да ми помогне да се поправам и дека...“ Ален кратко застанува за да ги задржи солзите од сеќавањата што му навираат, па продолжува: „И дека Јехова ме разбира, се грижи за мене и ми ја дава потребната помош. Тоа е неверојатно“.
Според тоа, ако имаш проблем со алкохолот или ако си зависник, не откажувај се брзо и не помислувај дека нема никаква надеж за тебе. Ален и многу други луѓе биле на твое место, но успеале да намалат со пиењето или сосема да престанат да пијат. Не жалат за тоа, а нема да зажалиш ни ти.
Сеедно дали ќе решиш да пиеш само во умерени количини или воопшто да не пиеш, послушај го љубезниот совет што ти го дава Бог: „О, да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река и твојата праведност како морски бранови“ (Исаија 48:18).
[Фусноти]
^ пас. 7 Види ја рамката „Дали почнувам неконтролирано да пијам?“ на страница 8.
^ пас. 24 За да им се помогне на таквите лица, постојат многу центри, болници и програми за лекување. Стражарска кула не се залага за некое конкретно лекување. Секој треба внимателно да одмери какви можности за лекување му се нудат и да донесе лична одлука со која нема да ги прекрши библиските начела.
[Рамка/слика на страница 8]
Дали почнувам неконтролирано да пијам?
Размисли:
• Дали пијам повеќе отколку што пиев порано?
• Дали пијам почесто од порано?
• Дали пијам пожестоки пијалаци?
• Дали пијам за да се справам со стресот или за да избегам од проблемите?
• Дали некој мој пријател или роднина покажал загриженост во врска со моето пиење?
• Дали пиењето ми предизвикало проблеми дома, на работа или кога сум патувал?
• Тешко ли ми е да поминам една недела без алкохол?
• Дали ми е непријатно кога другите не пијат алкохол?
• Дали кријам од другите колку пијам?
Ако одговориш со ‚да‘ на едно или на повеќе од овие прашања, можеби ќе треба да направиш нешто за да се контролираш колку пиеш.
[Рамка/слика на страница 9]
Мудри одлуки во врска со алкохолот
Пред да се напиеш, размисли:
• Дали е паметно да пијам, или е подобро воопшто да не пијам?
Препорака: Оној што не може да пие со мерка, воопшто не треба да пие.
• Колку да се напијам?
Препорака: Постави си граница пред алкохолот да ти го помати просудувањето.
• Кога да пијам?
Препорака: Немој да пиеш пред да возиш или пред да правиш нешто што бара посебна внимателност; пред да вршиш верски активности; за време на бременоста; кога земаш извесни лекови.
• Каде да пијам?
Препорака: Во соодветна прилика; не тајно за да скриеш дека пиеш; не пред луѓе што не сакаат алкохол.
• Со кого да пијам?
Препорака: Со пријатели или членови од семејството кои имаат позитивно влијание врз тебе; не со оние што имаат проблем со пиењето.
[Рамка/слика на страница 10]
Божјата Реч му помага на еден поранешен пијаница
Супот од Тајланд бил тежок пијаница. Во почетокот пиел само навечер. Малку по малку, почнал да пие и наутро, а потоа и на ручек. Честопати пиел само за да се опие. Но, по некое време почнал да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. Кога сфатил дека Јехова Бог не го сака пијанството, Супот престанал да пие. Меѓутоа, по некое време повторно ѝ се вратил на старата лоша навика. Тоа било многу болно за неговото семејство.
Но, Супот сѐ уште го сакал Јехова и имал желба да му служи на исправен начин. Неговите пријатели продолжиле да му помагаат и да ги храбрат жена му и децата да му посветат повеќе време и да не се откажуваат. Во тоа време, јасните зборови од 1. Коринќаните 6:10, каде што пишува дека ‚пијаниците нема да го наследат Божјето царство‘, му помогнале на Супот да сфати колку е сериозен неговиот проблем. Сфатил дека треба со сите сили да се труди да го надмине својот проблем со пиењето.
Овој пат Супот решил сосема да престане да пие алкохол. Конечно, со силата од Божјиот свет дух, со водството од Божјата Реч и со помошта од семејството и собранието, Супот духовно се зајакнал и ја совладал својата желба за алкохол. Семејството било многу радосно кога му се заветувал на Бог и се крстил. Сега Супот има близок однос со Бог, како што сакал отсекогаш, и го користи своето време духовно да им помага на другите.