Дали гледаш како Бог нѐ води?
Дали гледаш како Бог нѐ води?
НИТУ Израелците ниту Египќаните дотогаш не виделе такво нешто. Додека Израелците излегувале од Египет, еден столб од облак лебдел во нивна близина и постојано бил со нив. Ноќе се претворал во столб од оган. Тоа мора да била величествена глетка! Но, од каде дошол овој столб? Зошто бил таму? И што можеме да научиме ние денес — околу 3.500 години подоцна — од начинот на кој Израелците гледале на ‚столбот од оган и од облак‘? (2. Мој. 14:24).
Божјата Реч ни открива од каде дошол овој столб и зошто бил таму. Таа вели: „Јехова одеше пред нив дење во столб од облак за да ги води по патот, а ноќе во столб од оган за да им свети, за да можат да патуваат и дење и ноќе“ (2. Мој. 13:21, 22). Преку столбот од оган и од облак, Јехова Бог го извел својот народ од Египет и го водел низ пустината. Израелците морале да бидат спремни да го следат во секое време. Кога египетската војска која му била зад петици на Божјиот народ тргнала да го нападне, столбот застанал меѓу двете групи за да ги заштити Израелците (2. Мој. 14:19, 20). Иако овој столб не ги водел по најкраткиот пат, тие можеле да стигнат до Ветената земја само ако го следеле.
Столбот го претставувал Јехова, и бил видлив знак дека Тој е со својот народ. Понекогаш Бог зборувал од него (4. Мој. 14:14; Пс. 99:7). Освен тоа, облакот покажувал дека Јехова го избрал Мојсеј за да го предводи народот (2. Мој. 33:9). За последен пат е спомнат во Библијата кога Бог го поставил Исус Навин за водач наместо Мојсеј (5. Мој. 31:14, 15). Всушност, Израелците морале да сфатат дека Јехова ги води преку овој столб и морале да одат по него ако сакале да се спасат од Египет и да влезат во Ветената земја.
Изгубиле од вид како ги води Бог
Кога го виделе тој столб за првпат, Израелците сигурно се исполниле со страхопочит. Но, за жал, дури ни тоа чудо што оттогаш натаму можеле да го гледаат секој ден, не им помогнало да изградат трајна доверба во Јехова. Тие неколку пати се побуниле против Божјето водство. Кога египетската војска ги гонела, не покажале доверба дека Јехова ќе ги спаси. Наместо тоа, го обвиниле Божјиот слуга Мојсеј дека ги повел во сигурна смрт (2. Мој. 14:10-12). Откако биле избавени преку Црвеното Море, тие почнале да зборуваат против Мојсеј, Арон и Јехова затоа што си мислеле дека ќе изумрат од глад и од жед (2. Мој. 15:22-24; 16:1-3; 17:1-3, 7). А неколку седмици потоа, го натерале Арон да им направи златно теле. Замисли си! Иако во самиот логор Израелците можеле да го видат столбот од оган и од облак — величествениот доказ дека меѓу нив е присутен вистинскиот Бог кој ги извел од Египет — недалеку од него почнале да му се клањаат на еден безживотен идол и да велат: „Ова е, о Израеле, твојот Бог, кој те изведе од египетската земја!“ Колку „голем презир“ покажале со тоа! (2. Мој. 32:4; Неем. 9:18).
Со своето бунтовно постапување, Израелците покажале огромно непочитување кон водството што им го давал Јехова. Тие немале проблем со дословните, Пс. 78:40-42, 52-54; Неем. 9:19).
туку со духовните очи. Иако го гледале столбот, заборавиле што значи тој. Сепак, и покрај тоа што со своите постапки ‚му нанесувале болка на Израеловиот Светец‘, тој милостиво продолжил да го користи столбот за да ги води сѐ додека не стигнале до Ветената земја (Гледаш ли како Бог нѐ води денес?
И во нашево време Јехова не го оставил својот народ без јасно водство. Исто како што не очекувал Израелците сами да си го најдат патот до Ветената земја, така не очекува и ние сами да стигнеме до новиот свет. Тој го поставил Исус Христос како Водач на собранието (Мат. 23:10; Еф. 5:23). Исус, пак, му дал одредени овластувања на еден верен роб, односно група што се состои од верни христијани помазани со дух. Меѓу другото, овој роб е овластен и да именува надгледници во христијанското собрание (Мат. 24:45-47; Тит 1:5-9).
По што се препознава тој роб, или управител? Забележи како го опишал самиот Исус: „Кој е, всушност, верниот и разборит управител кого неговиот господар ќе го постави над своите слуги за да им ја дава храната во право време? Среќен е тој роб ако неговиот господар, кога ќе дојде, го најде да прави така!“ (Лука 12:42, 43).
Значи, овој управител е ‚верен‘ во таа смисла што никогаш не ги изневерил или напуштил Јехова, Исус или Божјиот народ, и никогаш не отстапил од библиските вистини. Бидејќи е „разборит“, тој донесува мудри одлуки додека го надгледува најважното дело на проповедање на ‚добрата вест за царството‘ и ‚правење ученици од луѓето од сите народи‘ (Мат. 24:14; 28:19, 20). Овој управител послушно обезбедува здрава и корисна духовна храна „во право време“. Очигледно, Јехова е задоволен од него, бидејќи ги благословува своите слуги со пораст, им дава водство кога се донесуваат важни одлуки, им помага подобро да ги разберат библиските вистини, ги чува да не бидат истребени од непријателите и им дава душевен мир (Иса. 54:17; Фил. 4:7).
Следи го Божјето водство
Како ќе покажеме дека сме благодарни за Божјето водство? Апостол Павле рекол: „Бидете им послушни на оние што ве предводат и бидете им подложни“ (Евр. 13:17). Ова не е секогаш лесно. На пример, замисли дека и ти си еден од Израелците во времето на Мојсеј. Откако сте патувале некое време, столбот застанува. Колку долго ќе стои таму? Еден ден? Една седмица? Неколку месеци? Се прашуваш: ‚Вреди ли да ги распакувам сите работи?‘ Можеби најпрво ќе го извадиш само она што ти е неопходно. Меѓутоа, по неколку дена веќе се нервираш што не можеш да го најдеш тоа што ти треба, па почнуваш да распакуваш сѐ. Но, само што си завршил, гледаш дека столбот се крева — и повторно треба да се пакуваш! Како ќе се чувствуваш? Колку и да не им било лесно, Израелците морале ‚веднаш да тргнат‘ (4. Мој. 9:17-22).
Како реагираме на водството што Бог ни го дава денес? Дали се трудиме „веднаш“ да го следиме или, пак, си продолжуваме по старо? На пример, дали сме во тек со најновите упатства во врска со библиските студии, проповедањето на лица што зборуваат друг јазик, редовното одржување на Семејната вечер, соработувањето со Одборите за контактирање со болниците и пристојното однесување на конгресите? Исто така, покажуваме дека го цениме Божјето водство ако прифаќаме совети. Кога треба да донесеме некоја важна одлука, не се потпираме на својата мудрост, туку бараме водство од Јехова и од неговата организација. И, исто како што едно дете трча кај својот родител кога ќе фати невреме,
така и ние бараме заштита во Јеховината организација кога над нас како црни облаци ќе се надвиснат разни проблеми.Се разбира, оние што предводат во видливиот дел на Божјата организација не се совршени — но, не бил ни Мојсеј. Сепак, столбот служел како постојан видлив доказ дека Мојсеј е поставен од Бог и дека го има неговото одобрување. Исто така, забележи дека Јехова не оставил секој Израелец сам да одлучува кога ќе тргне на пат. Напротив, народот правел „како што... заповедал Јехова преку Мојсеј“ (4. Мој. 9:23). Според тоа, како Божји застапник, најверојатно тој им давал знак дека треба да тргнат.
Денес, верниот управител што го поставил Јехова ни дава јасен знак кога е време да направиме нов чекор. На кој начин? Преку статиите во Стражарска кула и во Нашата служба за Царството, преку новите публикации, а и преку говорите на собирите и конгресите. Освен тоа, собранијата добиваат упатства и преку патувачките надгледници, како и преку писма или разни школи на кои присуствуваат браќа кои имаат одговорности во собранието.
Дали јасно гледаш како Бог нѐ води? Во овие последни денови, Јехова ја користи својата организација за да нѐ води како свој народ низ „пустината“ на Сатановиот злобен свет. Како резултат на тоа, меѓу нас владее единство и љубов, и се чувствуваме заштитени.
Кога Израелците стигнале во Ветената земја, Исус Навин им рекол: „Вие добро знаете со сето ваше срце и со сета ваша душа дека не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што ви ги даде Јехова, вашиот Бог. Сѐ ви се исполни“ (Ис. Нав. 23:14). И Божјиот народ денес сигурно ќе влезе во ветениот нов свет. Сепак, дали ние лично ќе бидеме таму многу зависи од тоа дали понизно и спремно ги следиме упатствата што ги добиваме од Бог. Затоа, да се трудиме и понатаму јасно да го гледаме Јеховиното водство!
[Слики на страница 5]
Денес нѐ води Јеховината организација
Конгресни изданија
Теократско школување
Состаноци за проповедање