Правото да се има име
Правото да се има име
СЕКОЈ има право да има име. На Тахити му се дава име дури и на едно напуштено новороденче, на кое не му се знаат таткото и мајката. Името и презимето на напуштеното дете ги одредува матичната служба.
Сепак, постои една личност на која може да се каже дека ѝ е ускратено ова основно право што им е загарантирано скоро на сите луѓе. Интересно е што тој е „Таткото, кому секое семејство на небото и на земјата му го должи своето име“! (Ефешаните 3:14, 15). Чудно, но многу луѓе всушност одбиваат да го користат името на Творецот, коешто е запишано во Библијата. Тие повеќе сакаат да го заменат со титули, како што се: „Бог“, „Господ“ или „Вечниот“. А кое му е името? Тоа прашање е одговорено во книгата на Осија: „А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово“ (Осија 12:5, ПСП).
Во првата половина на 19 век, кога на Тахити пристигнале мисионерите од Лондонското мисионерско друштво, луѓето во Полинезија обожавале неколку богови. Секој од нив имал име, а главните богови биле Оро и Таароа. За да направат разлика меѓу Богот од Библијата и другите богови, овие мисионери воопшто не се двоумеле да го користат Божјето име, кое на тахитски се пишува Iehova.
Ова име станало добро познато и било честопати користено во секојдневните разговори и во писмата. Кралот Помаре II од Тахити, кој владеел во почетокот на 19 век, честопати го користел Божјето име во своите приватни писма. Како доказ за тоа служи писмото што е прикажано овде. Напишано е на англиски и е изложено во Музејот на Тахити и неговите острови. Ова писмо е доказ дека луѓето во тоа време без никакви предрасуди го користеле Божјето име. Освен тоа, Божјето лично име се појавува илјадници пати во првиот превод на Библијата на тахитски, кој е завршен во 1835 година.
[Слика на страница 32]
Кралот Помаре II
[Извор на слика на страница 32]
Кралот и писмото: Collection du Musée de Tahiti et de ses Îles, Punaauia, Tahiti