‚Ако си присилен на служба‘
‚Ако си присилен на служба‘
„ЕЈ, ТИ! Остави го тоа што го работиш и ела ваму да ми го носиш пакетот.“ Што мислиш, како би реагирал еден зафатен Евреин ако некој римски војник му го речел ова? Во својата Проповед на гората, Исус дал совет: „Ако некој кој има власт, те присили на служба една милја, оди со него две милји“ (Матеј 5:41). Како би го сфатиле овој совет од Исус оние што го слушале? И што значи ова за нас денес?
За да дојдеме до одговорите, треба да знаеме нешто за принудната служба во древни времиња. Таа практика им била добро позната на жителите на Израел во времето на Исус.
Принудна служба
Доказите за принудна служба (или кулук) на Блискиот Исток датираат уште од 18 век пр.н.е. Службените текстови од древниот сириски град Алалак зборуваат за кулучки групи ангажирани од владата да извршуваат лични услуги. Во Угарит, на сирискиот брег, исполичарите биле подложни на слични обврски освен ако царот не ги ослободел.
Се разбира, поразените или покорените народи честопати биле праќани на принудна работа. Египетските надзорници ги присилувале Израелците да им работат како робови за да прават тули. Подоцна, Израелците ги подложиле ханаанските жители во Ветената земја на ропска работа, а и Давид и Соломон продолжиле со слични постапки (Излез 1:13, 14; 2. Самоил 12:31; 1. Цареви 9:20, 21).
Кога Израелците побарале цар, Самоил објаснил што можел царот со право да бара. Тој можел да ги земе своите поданици да служат како возачи на бојни коли и како коњаници, да ораат и да жнеат, да изработуваат оружје и така натаму (1. Самоил 8:4–17). Меѓутоа, за време на изградбата на Јеховиниот храм, иако странците биле подложени на ропска принудна работа, ‚Соломон не ги претворил Израелевите синови во робови, туку тие му биле воини, дворјанци, војсководачи, триесетници, заповедници на неговите бојни коли и коњицата‘ (1. Цареви 9:22).
Што се однесува до Израелците што работеле на градежни проекти, 1. Цареви 5:13, 14 вели: „Царот Соломон собра бесплатни трудбеници од сиот Израел; неплатени работници беа вкупно триесет илјади луѓе. Ги праќаше наизменично, секој месец по десет илјади луѓе беа еден месец на Ливан, а два месеца дома“. „Нема никакво сомнение“, вели еден изучувач, „дека израелските и јудејските цареви го користеле кулучењето како средство за да соберат неплатена работна сила за градежните активности како и за да ја обработуваат царската земја.“
Товарот под Соломон бил тежок. Бил толку тежок што кога Ровоам се заканил дека ќе ги зголеми таквите товари, сите Израелци се побуниле и го каменувале настојникот 1. Цареви 12:12–18). Но, оваа практика не била укината. Аса, внукот на Ровоам, ги повикал луѓето од Јудеја, и тоа „без исклучок“, за да ги изградат градовите Гева и Миспа (1. Цареви 15:22).
што бил поставен над оние што биле обврзани на принудна работа (Под Римска власт
Проповедта на гората покажува дека Евреите од првиот век знаеле дека има можност да бидат ‚присилени на служба‘. Овој израз е превод на грчкиот збор агарево, кој првенствено се однесувал на активноста на персиските гласници. Тие имале авторитет да присилат на служба луѓе, коњи, бродови и сѐ друго што било потребно за да се забрза работата.
Во времето на Исус Израел бил окупиран од Римјаните, кои усвоиле сличен систем. Во источните провинции, освен вообичаените даноци, од населението можело да се бара принудна служба на редовна база или во вонредни случаи. Таквите должности воопшто не биле омилени. Освен тоа, сосем нормално било без никакво овластување да се земаат животни, возачи и товарни коли за да послужат во државниот превоз. Според историчарот Мајкл Ростофцеф, управителите „се обидувале да ја регулираат и да ја систематизираат [практиката], но без успех, зашто сѐ додека постоел овој обичај, сигурно ќе имало лоши ефекти. Префектите, кои искрено се труделе да ги спречат деспотството и угнетувањето што биле составен дел на системот, издавале указ по указ . . . Но практиката и понатаму останала тиранска“.
„Секој можел да биде присилен да го носи багажот на војската на некоја одредена далечина“, вели еден грчки изучувач, и „секој можел да биде принуден да ја изврши која и да било служба што поробувачите ќе му ја наметнеле.“ Тоа му се случило на Симон од Киринија, кого римските војници ‚го присилиле на служба‘ да го носи маченичкиот столб на Исус (Матеј 27:32).
И рабинските текстови се осврнуваат на оваа неомилена практика. На пример, еден рабин бил заробен за да пренесува мирта во палатата. Работниците можеле да им бидат одземени на работодавачите и да бидат одредени да работат на нешто друго, а работодавачите
морале да продолжат да им ги исплаќаат надниците. Товарните животни или воловите можеле да бидат одземени. Ако воопшто биле вратени, најверојатно повеќе не биле во состојба да работат. Очигледно, ова земање било исто што и конфискување. Затоа, една еврејска поговорка вели: „Ангаријата е како смрт“. Еден историчар вели: „Едно село можело да пропадне затоа што воловите за орање, а не товарните животни, биле земани за ангарија“.Можеш да си замислиш колку мора да биле неомилени таквите служби, особено затоа што честопати биле наметнувани арогантно и неправедно. Со оглед на омразата што ја имале кон моќта на не-Евреите што владееле над нив, на Евреите многу им сметало понижувањето што го трпеле кога биле принудувани на таква мачна работа. Денес нема таков закон што ни кажува која била пропишаната далечина до којашто еден граѓанин бил принуден да носи некој товар. Веројатно, мнозина не сакале да одат ни чекор понатаму од она што се барало со законот.
Сепак, токму на оваа практика се осврнал Исус кога рекол: „Ако некој кој има власт, те присили на служба една милја, оди со него две милји“ (Матеј 5:41). Кога го чуле ова, некои сигурно си помислиле дека е неразумен. Но, што мислел Исус?
Како треба да реагираат христијаните
Едноставно кажано, Исус им рекол на оние што го слушале дека, ако некој што има власт ги присили да извршат некоја служба што била во ред според законот, треба да ја извршат спремно и без огорченост. На тој начин ќе му го плателе „цезаровото на цезарот“, без да ја игнорираат должноста да му го платат „Божјето на Бог“ (Марко 12:17). a
Освен тоа, апостол Павле ги поттикнал христијаните: „Секоја душа нека им биде подложна на вишите власти, зашто нема власт освен од Бог; а постојните власти се поставени од Бог на своите релативни положби. Затоа, оној кој се спротивставува на власта, зазел став против Божјето уредување . . . ако правиш зло, имај страв: зашто не го носи мечот без причина“ (Римјаните 13:1–4).
На тој начин, Исус и Павле признале дека царот или власта имаат право да одредат казна за оние што ги прекршуваат нивните барања. Каква казна? Грчкиот филозоф Епиктет, кој живеел во првиот и вториот век од н.е., ни дава еден одговор: „Ако добиеш некое неочекувано барање и некој војник ти го земе магарето, остави го. Не се противи, не мрмори, зашто инаку ем ќе бидеш истепан, ем ќе останеш без магаре“.
Сепак, повремено, и во древни и во модерни времиња, христијаните сметале дека не можат со чиста совест да се подложат на барањата на власта. Понекогаш последиците биле сериозни. Некои христијани биле Исаија 2:4; Јован 17:16; 18:36). Во други прилики, христијаните сметале дека не можат да се покорат на она што било побарано од нив. На пример, некои христијани сметаат дека можат со чиста совест да извршуваат служба во цивилната администрација која опфаќа работа што ѝ е од корист на заедницата. Тоа може да значи да им помагаат на постарите или на инвалидите, да служат како пожарникари, да чистат плажи, да работат во паркови, шуми или библиотеки и така натаму.
осудени на смрт. Други поминале многу години во затвор затоа што одбиле да учествуваат во активности што сметаат дека ја нарушуваат нивната неутралност (Се разбира, ситуацијата се разликува од една земја до друга. Затоа, за да одреди дали ќе се подложи на барањата или не, секој христијанин мора да ја следи својата библиски школувана совест.
Да се изоди и втората милја
Начелото за кое што Исус поучил, да бидеме спремни да ги извршуваме законските барања, не се однесува само на барањата од власта туку и на секојдневните меѓучовечки односи. На пример, можеби некој што има власт над тебе ќе побара да направиш нешто што ти баш и не би сакал да го направиш но што не е во спротивност на Божјиот закон. Како ќе реагираш? Можеби ќе помислиш дека ти се наметнати неразумни барања што ти ги одземаат времето и енергијата, и можеби затоа ќе реагираш огорчено. Како резултат на тоа може да дојде до омраза. Од друга страна, пак, ако мрзоволно се подложиш, може да си го изгубиш внатрешниот мир. Кое е решението? Направи како што советувал Исус — изоди ја и втората милја. Не прави го само она што се бара од тебе, туку и повеќе од тоа. Направи го тоа доброволно. Со таков став, нема повеќе да мислиш дека те искористуваат, а сепак и понатаму ќе можеш сам да одлучуваш за своите постапки.
„Многу луѓе го прават во животот само она што мораат да го прават“, забележува еден автор. „За нив животот е тешко искуство и постојано се уморни. Други, пак, прават повеќе од она што мораат да го прават и спремно се даваат.“ Всушност, во многу ситуации имаме избор дали ќе изодиме само една милја под принуда — или, пак, две. Во првиот случај, некој можеби си ги бара своите права. Во вториот, може да доживее искуства што ќе му донесат голема радост. Каква личност си ти? Веројатно ќе бидеш многу посреќен и попродуктивен ако не гледаш на своите активности само како на должност или на нешто што мораш да го направиш, туку како на нешто што сакаш да го направиш.
А што ако ти имаш власт? Се разбира, не е ниту израз на љубов ниту, пак, е христијански да ја користиш власта што ја имаш за да ги присилиш другите против својата волја да го направат она што го бараш од нив. „Владетелите на нациите господарат над нив и големците спроведуваат власт над нив“, рекол Исус. Но, еден христијанин не постапува така (Матеј 20:25, 26). Иако со заповеднички пристап можеби ќе се добијат резултати, односите меѓу сите што се вклучени ќе бидат многу подобри ако на љубезните и исправни барања се одговори со почит и радост! Да, кога си спремен да одиш две наместо само една милја, животот навистина ќе ти биде подобар.
[Фуснота]
a За темелна дискусија за тоа што значи за христијаните да му го ‚плаќаат цезаровото на цезарот, а Божјето на Бог‘, види ја Стражарска кула од 1 мај 1996, страници 15—20.
[Рамка на страница 25]
ЗЛОУПОТРЕБА НА ПРИСИЛАТА ВО ДРЕВНИ ВРЕМИЊА
Присилата честопати се користела како изговор за да се изнудат разни услуги. Тоа се гледа од одредбите што биле донесувани за да се стави крај на таквата злоупотреба. Во 118 пр.н.е., Птолемеј Евергет II од Египет наредил неговите службеници „да не присилуваат ниеден жител на земјата да им извршува лични услуги, ниту да му го бараат (агаревин) добитокот за свои лични работи“. Освен тоа: „Никој нема да бара . . . чамци за свои лични работи под каков и да било изговор“. Во еден натпис што датира од 49 од н.е., во храмот на Големата Оаза (Египет), римскиот префект Вергилиј Капито признал дека војниците барале работи што не се пропишани со законот и потврдил дека „никој не треба да зема или да бара . . . нешто, освен ако нема писмено овластување од мене“.
[Слика на страница 24]
Симон од Киринија бил присилен на служба
[Слика на страница 26]
Многу Сведоци биле в затвор затоа што го задржале својот христијански став