Прашања од читателите
Прашања од читателите
Дали Божјето упатство запишано во Еремија 7:16 значи дека христијаните не треба да се молат за некој што е отстранет од христијанското собрание затоа што е непокајнички грешник?
Откако го изрекол својот суд против неверната Јуда, Јехова му рекол на Еремија: „А ти не моли милост за овој народ, не кревај глас за нив и не моли, ниту се застапувај пред Мене, зашто нема да те послушам“ (Еремија 7:16).
Зошто му забранил Јехова на Еремија да се моли за Израелците? Јасно, поради нивните бесрамни престапи на неговиот Закон. Отворено и бесрамно, тие ‚краделе, убивале, правеле прељуба, се колнеле криво, му палеле темјан на Ваал и трчале по други богови‘. Како последица од тоа, Јехова им кажал на неверните Евреи: „Ќе ве отфрлам од Своето лице, како што ги отфрлив сите ваши браќа, сето Ефремово потомство“. Секако, не било во ред ниту Еремија ниту некој друг да го моли Јехова да го смени својот суд (Еремија 7:9, 15).
Во склад со тоа, апостол Јован пишувал за пригодната молитва до Бог. Најпрвин ги уверил христијаните: „Што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша“ (1. Јованово 5:14). Потоа, во врска со молењето за другите, Јован продолжил: „Ако некој го здогледа својот брат како прави грев кој по себе не повлекува смрт, нека моли, и тој ќе му даде живот, да, на оние кои не грешат така за тоа по себе да повлече смрт. Постои грев кој по себе повлекува смрт. За тој грев не му велам да упатува молба“ (1. Јованово 5:16). Исто така, Исус зборувал за грев што ‚нема да се прости‘, односно, грев против светиот дух (Матеј 12:31, 32).
Дали ова значи дека сите што се отстранети од христијанското собрание заради непокајничко 2. Цареви 21:1-9; 2. Летописи 33:1-11).
грешење извршиле гревови што ‚повлекуваат смрт‘ и дека заради тоа не треба да се молиме за нив? Ова не мора да биде случај бидејќи во некои ситуации таквите престапи не се гревови што повлекуваат смрт. Всушност, тешко е да се знае дали се такви. Типичен пример за тоа е цар Манасиј од Јуда. Тој подигнал олтари на лажни богови, ги принесувал своите синови како жртва, практикувал спиритизам и ставил во Јеховиниот храм резбани ликови. Всушност, Библијата вели дека Манасиј и народот правеле ‚уште полошо отколку народите што Господ ги откорнал пред Израелевите синови‘. Заради сево ова, Јехова го казнил Манасиј на тој начин што го испратил како заробеник во вериги во Вавилон (Дали гревовите на Манасиј, иако биле толку тешки, повлекувале смрт? Изгледа не, зашто извештајот понатаму за него вели: „Кога се најде во неволја, почна да Му се моли за милост на Господа, својот Бог, длабоко се покаја пред Бога на татковците. Се молеше и Бог му се смилува те го послуша неговото просење и го врати во Ерусалим во царството. Тогаш Манасиј созна дека Господ [Јехова, NW] е Бог“ (2. Летописи 33:12, 13).
Според тоа, не треба избрзано да донесуваме заклучок дека некој сигурно е виновен за грев што повлекува смрт само затоа што е отстранет од собранието. Можеби е потребно време за да се разоткрие вистинската состојба на срцето на поединецот. Всушност, честопати се вели дека една од целите на исклучувањето е да го наведе грешникот да се разбуди и тоа со надеж да се покае и да се обрати.
Со оглед на тоа што лицето не е повеќе во собранието, секоја промена во срцето и ставот можат најпрвин да ја забележат оние што му се блиски, како што е брачниот партнер или членовите на семејството. Оние што ги набљудуваат тие промени можат да заклучат дека престапникот не извршил грев што повлекува смрт. Тие можеби ќе бидат поттикнати да се молат за тој да црпи сила од Божјата инспирирана реч и Јехова да постапи со грешникот во согласност со својата волја (Псалм 44:21; Проповедник 12:14).
Иако можеби некои се во ситуација да видат доволно докази за да поверуваат дека грешникот се кае, ова веројатно не е случај со собранието во целина. Тие ќе бидат збунети, вознемирени, па дури и спрепнати ако чујат некој јавно да се моли за грешникот. Од таа причина оние што се чувствуваат поттикнати да се молат за грешникот треба да го прават тоа само приватно, оставајќи го понатамошниот развој на работата во рацете на одговорните старешини во собранието.
[Слика на страница 31]
На Манасиј му биле простени тешките гревови кога се понизил пред Јехова
[Извор на слика на страница 30]
Репродуцирано од Illustrirte Pracht - Bibel/Heilige Schrift des Alten und Neuen Testaments, nach der deutschen Uebersetzung D. Martin Luther’s