„Дали Бог навистина ги осудува луѓето да горат во пекол?“
„Дали Бог навистина ги осудува луѓето да горат во пекол?“
„Дали вие студирате теологија?“
Ова прашање ги изненадило Џоуел и Карл. Двајцата младичи — доброволци кои служат во главното седиште на Јеховините сведоци во Бруклин (Њујорк) — прелистувале книги во една книжарница во близина. Додека Џоуел ги проверувал библиските конкорданци, Карл му раскажувал за една дискусија во која уживал во службата. Откако начул дел од овој разговор, еден човек што стоел во близина бил поттикнат да им пристапи.
Меѓутоа, човекот лично бил повеќе заинтересиран за нешто друго, а не за тоа дали двајцата младичи студираат теологија. Тој објаснил: „Јас сум Евреин, и некои мои пријатели христијани ми велат дека ќе горам во пекол бидејќи Евреите го отфрлиле Исус. Тоа многу ме вознемирува. Таква казна од еден Бог полн со љубов не ми изгледа праведна. Дали Бог навистина ги осудува луѓето да горат во пекол?“
Џоуел и Карл му кажале на овој искрен човек дека тие сериозно ја проучуваат Библијата. Од Писмото му покажале дека мртвите не се свесни и дека едноставно спијат во смрт чекајќи воскресение. Затоа, тие не доживуваат никакво мачење ниту некаков болен пеколен оган (Псалм 146:3, 4; Проповедник 9:5, 10; Даниел 12:13; Јован 11:11-14, 23-26). На крајот од нивниот 45-минутен разговор, човекот им ја дал на Џоуел и Карл својата адреса и побарал повеќе информации на таа тема.
Ако пеколот е место на огнени маки, дали некој би замолил да биде испратен таму? Сепак, патријархот Јов, сакајќи да најде излез од својата тешка состојба, молел: „О, да беше ме сокрил и криел во пеколот, додека да мине гневот Твој!“ (Јов 14:13, СП). Јасно, Јов не верувал дека пеколот е место на маки. Напротив, таму барал заштита. Смртта е состојба на непостоење, и библискиот пекол е општиот гроб на човештвото.
Ако сакаш додатни информации во врска со тоа што ни се случува кога умираме и каква надеж постои потоа, срдечно си поканет да се одѕвиеш на понудата што следи.