Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јехова нема да се забави

Јехова нема да се забави

Јехова нема да се забави

„Па, и ако [визијата, NW] се забави, чекај [ја], оти ќе наиде и нема да се забави. Оној што иде, ќе дојде“ (АВАКУМ 2:3).

1. Каква одлучност покажал Јеховиниот народ, и на што ги поттикнало тоа?

 „ЗАСТАНАВ на стража.“ Тоа била одлуката на Божјиот пророк Авакум (Авакум 2:1). Јеховиниот народ од 20 век ја покажал истата одлучност. Затоа, тој ревносно се одѕвал на следниов повик кој бил разгласен на еден епохален конгрес во септември 1922: „Ова е ден над сите денови. Гледајте, Царот владее! Вие сте негови застапници пред јавноста. Затоа, објавувајте, објавувајте, објавувајте го Царот и неговото Царство!“

2. Што можеле да изјават помазаните христијани кога биле обновени за енергична активност после I светска војна?

2 После I светска војна Јехова го вратил верниот помазан остаток во состојба на засилена активност. Тогаш секој од нив можел да изјави како и Авакум: „Стоејќи на кулата, набљудував за да разберам, што ќе ми каже Он“. Хебрејските зборови за ‚набљудува‘ и „стража“ се повторуваат во многу пророштва.

„Нема да задоцни“

3. Зошто мораме да бдееме?

3 Додека Јеховините сведоци го разгласуваат Божјето предупредување денес, тие мора секогаш будно да внимаваат на заклучните зборови од Исусовото големо пророштво: „Бидете будни [бдејте, NW], зашто не знаете кога ќе дојде домаќинот на куќата, приквечер ли, или на полноќ, или петлите кога ќе пропеат, или наутро; па да не дојде ненадејно и да ве затече да спиете. А што ви зборувам вам, им го зборувам и на сите: ‚Бидете будни [бдејте, NW]!‘“ (Марко 13:35—37). Исто како Авакум, а во склад со Исусовите зборови, и ние мораме да бдееме!

4. Како нашата ситуација е слична на ситуацијата на Авакум во отприлика 628 пр. н. е.?

4 Веројатно Авакум завршил со пишување на својата книга околу 628 пр. н. е., дури и пред Вавилон да стане доминантна светска сила. Јеховиниот суд над отпадничкиот Ерусалим бил разгласуван веќе многу години. Сепак, немало јасен показател за тоа кога ќе биде извршен тој суд. Кој би поверувал дека тоа ќе се случи само 21 година подоцна и дека Вавилон ќе биде Јеховиниот извршител? Слично и денес, ние не го знаеме „денот и часот“ кој е одреден за крајот на овој систем, но Исус однапред нѐ предупредил: „Бидете и вие готови, зашто во кој час и не мислите, ќе дојде Синот Човечки“ (Матеј 24:36, 44).

5. Што е особено охрабрувачки во врска со Божјите зборови запишани во Авакум 2:2, 3?

5 Јехова со добра причина му го дал на Авакум овој возбудлив налог: „Запиши го видението и одбележи го на плочи јасно, та оној, што ќе чита, да може да го прочита; зашто видението се однесува до определеното време; тоа зборува за свршетокот и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, оти ќе наиде и нема да се забави. Оној што иде, ќе дојде [нема да задоцни, NW]“ (Авакум 2:2, 3). Денес, злобата и насилството ширум Земјата стануваат сѐ пораспространети и излегуваат од контрола, покажувајќи дека стоиме на самиот праг на ‚Јеховиниот голем ден кој влева страв‘ (Јоил 2:31NW). Навистина се охрабрувачки зборовите на гаранција лично од Јехова: „Нема да задоцни“!

6. Како можеме да го преживееме претстојниот ден на суд за погубување?

6 Тогаш, како можеме да го преживееме претстојниот ден на суд за погубување? Јехова одговара така што ја прави оваа разлика меѓу праведните и неправедните: „Гордата душа нема да се успокои, а праведникот преку верата ќе живее“ (Авакум 2:4). Гордите и лакоми владетели, како и народите, ги испрскале страниците на современата историја со крвта на милиони недолжни жртви, особено во двете светски војни и во етничките колежи. За разлика од нив, Божјите мирољубиви помазани слуги истрајале во верноста. Тие се „праведната нација која се држи за верното однесување“. Оваа нација, заедно со своите придружници, ‚другите овци‘, ја следи опомената: „Имајте доверба во Јехова, народе, за сите времиња, зашто во Јах Јехова, е Карпата за недогледни времиња“ (Исаија 26:2—4 NW; Јован 10:16).

7. Во склад со Павловата употреба на Авакум 2:4, што мораме да правиме?

7 Пишувајќи им на еврејските христијани, апостол Павле го цитира Авакум 2:4 кога на Јеховиниот народ му кажува: „Најнапред ви е потребно трпение, па, откако ќе ја исполните волјата Божја, да го добиете ветеното; зашто уште малку, сосема малку и ‚Оној што иде, ќе дојде и нема да се забави. А праведниот преку верата ќе биде жив; а ако отстапи, нема да Ми биде по волјата Моја‘“ (Евреите 10:36—38). Ова не е време да ги олабавиме рацете ниту, пак, да бидеме фатени во замката на патиштата на сатанскиот свет кои се материјалистички и луди по задоволства. Што мораме да правиме сѐ додека не истече тоа „сосема малку“ време? Како и Павле, ние од Јеховиниот свет народ мораме да ‚се стремиме кон она што е пред нас, да трчаме кон целта‘ — вечен живот (Филипјаните 3:13, 14). И исто како Исус, мораме да ‚претрпиме поради идната радост‘ (Евреите 12:2).

8. Кој е ‚човекот‘ во Авакум 2:5, и зошто тој нема да наиде на успех?

8 Авакум 2:5 опишува еден „горд [крепок, NW] човек“ кој, за разлика од Јеховините слуги, не успева да ја постигне својата цел, иако „ја раширува душата своја како пеколот [шеолот, NW]“. Кој е тој ‚ненаситен‘ човек? Со лакомост како онаа на Вавилон од времето на Авакум, овој комбиниран „човек“, составен од политичките сили — без разлика дали станува збор за фашистичките, нацистичките, комунистичките или дури таканаречените демократски сили — води војни за да ги прошири своите земји. Исто така, тој го полни шеолот, гробот, со недолжни души. Но, овој подмолен комбиниран „човек“ на сатанскиот свет, опиен од својата самоуверена важност, не наидува на успех во обидот да ‚ги собере при себе сите народи и да ги прибере сите племиња‘. Само Јехова Бог може да го обедини целото човештво, а тоа ќе го изврши преку Месијанското Царство (Матеј 6:9, 10).

Првата од петте драматични неволји

9, 10. а) Што продолжил Јехова да објавува преку Авакум? б) Каква е денешната ситуација во врска со неправедната добивка?

9 Јехова преку својот пророк Авакум, продолжува да објавува серија од пет неволји, судови кои мора да бидат спроведени за да се подготви Земјата за населување од страна на Божјите верни обожаватели. Таквите лица со добри срца ‚изговараат една поговорка (NW)‘ што ја кажува Јехова. Во Авакум 2:6 читаме: „Тешко му на оној што без мерка се збогатува, и тоа не со свое, за долго ли? И натрупува залози“.

10 Овде нагласокот е ставен на неправедната добивка. Во светот околу нас, богатите стануваат уште побогати, а сиромашните уште посиромашни. Дилерите со дрога и измамниците натрупуваат големо богатство, додека многумина од обичниот народ гладуваат. Се вели дека една четвртина од светското население живее под границата на сиромаштијата. Условите за живеење во многу земји се ужасни. Оние кои копнеат по праведност на Земјата, извикуваат: „За долго ли?“ се умножуваат овие неправди! Сепак, крајот е близу! Всушност, визијата „нема да задоцни“.

11. Што вели Авакум во врска со пролевањето човечка крв, и зошто можеме да кажеме дека на Земјата денес постои голема вина за крв?

11 Пророкот му кажува на злобниот: „Бидејќи си ограбил многу народи, и тебе ќе те ограбат сите други народи, зашто си пролеал човечка крв, зашто си ја разорил земјата, градот и сите што живеат во него“ (Авакум 2:8). Колкава само вина за крв наоѓаме на Земјата денес! Исус јасно навел: „Сите што се фаќаат за нож; од нож ќе загинат“ (Матеј 26:52). Сепак, само во овој 20 век, нациите и етничките групи виновни за крв се одговорни за колежот на повеќе од сто милиони луѓе. Тешко на оние кои учествуваат во тие крвопролевања!

Втората неволја

12. Која е втората неволја која ја запишал Авакум, и зошто можеме да бидеме сигурни дека нечесната добивка нема да биде од никаква корист?

12 Втората неволја, запишана во Авакум 2:9—11, го напаѓа „оној, што се лакоми кон неправедни печалби за домот свој, за да го изгради домот свој на високо и така да се запази од раката на злото“! Нечесната добивка нема да биде од никаква корист, како што и псалмистот разјаснува: „Не плаши се кога човек богатее, кога славата на домот негов расте; зашто, умирајќи, ништо нема да земе ниту, пак, славата негова ќе појде по него“ (Псалм 48:16, 17). Значи, вреден за внимание е мудриот совет на Павле: „Заповедај им на богатите од овој свет да не се гордеат, ниту да се надеваат на непостојаното богатство, туку на живиот Бог, Кој ни дава за наслада во изобилие“ (1. Тимотеј 6:17).

13. Зошто треба да продолжиме да го разгласуваме Божјето предупредување?

13 Колку само е важно Божјите судски пораки да бидат разгласувани денес! Кога фарисеите им приговарале на мноштвата заради тоа што го поздравувале Исус како „Царот, кој доаѓа во името Господово“, тој рекол: „Ви велам, ако тие замолкнат, камењата ќе повикаат“ (Лука 19:38—40). На сличен начин, доколку Божјиот народ денес пропушти да ја разоткрие злобата која постои во овој свет, „камењата од ѕидовите ќе повикаат“ (Авакум 2:11). Затоа, храбро да продолжиме да го разгласуваме Божјето предупредување!

Третата неволја и спорното прашање за вина за крв

14. За какво крвопролевање се виновни светските религии?

14 Третата неволја која ја објавува Авакум се зафаќа со спорното прашање за вината за крв. Во Авакум 2:12 се вели: „Тешко му на оној кој ѕида град врз крв, и што гради тврдина врз неправда!“ Во овој систем на ствари, неправедноста и крвопролевањето честопати одат рака под рака. Особено светските религии се одговорни за најодвратните крвопролевања во историјата. Да ги споменеме само крстоносните војни, во кои таканаречените христијани војувале против муслиманите; католичката инквизиција во Шпанија и Латинска Америка; европската Триесетгодишна војна меѓу протестантите и католиците и, најкрвави од сите нив, двете светски војни од нашиот век, обете започнати во подрачјето на христијанскиот свет.

15. а) Што и понатаму прават нациите со поддршка или одобрување од страна на црквата? б) Дали Обединетите нации можат да го окончаат наоружувањето на овој свет?

15 Едно од најзлобните обележја на Втората светска војна беше нацистичкиот холокауст, кој проголта милиони Евреи и други недолжни луѓе во Европа. Дури неодамна, римокатоличката хиерархија во Франција призна дека пропуштила да се спротивстави на испраќањето стотици илјади жртви во нацистичките комори на смртта. Сепак, нациите продолжуваат да се подготвуваат за пролевање крв, со поддршка или одобрување од црквата. Зборувајќи за руската Православна црква, списанието Time (меѓународно издание) неодамна наведе: „Повторно заживеаната црква врши пресудно влијание на едно подрачје што порано било незамисливо: руската воена машинерија . . . Благословите врз млазните ловци и касарните речиси станале рутина. Во ноември, во московскиот манастир Даниловски — седиштето на руската патријаршија — црквата отиде дотаму што го освети рускиот нуклеарен арсенал“. Можат ли Обединетите нации да го запрат повторното наоружување на овој свет со демонските инструменти за војна? Тешко! Според весникот The Guardian од Лондон (Англија), еден добитник на Нобелова награда за мир коментирал: „Она што навистина вознемирува е тоа што петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН, се петте најголеми снабдувачи со оружје во светот“.

16. Што ќе стори Јехова со нациите кои подбуцнуваат војна?

16 Дали Јехова ќе изврши суд врз нациите кои подбуцнуваат војна? Авакум 2:13 вели: „Ете, не е ли тоа од Господа Саваот [Јехова над војските, NW] што народите се трудат за оган и племињата се измачуваат напразно?“ „Јехова над војските!“ Да, Јехова има небесни ангелски војски, кои ќе ги употреби за да ги уништи воинствените народи и нации!

17. До која мера спознанието за Јехова ќе ја исполнува Земјата откако ќе биде извршен неговиот суд врз насилничките национални групи?

17 Што ќе следи после Јеховиното извршување на судот врз тие насилнички национални групи? Авакум 2:14 го дава одговорот: „Земјата ќе се исполни со [спознанието за, NW] славата Господова онака како што водите го исполнуваат морето“. Каков величествен изглед! Во Армагедон, суверенитетот на Јехова ќе биде оправдан засекогаш (Откровение 16:16). Тој нѐ уверува дека ‚ќе го прослави подножјето на нозете Свои‘, Земјата на која живееме (Исаија 60:13). Сето човештво ќе биде поучено за Божјиот пат на живот, така што спознанието за Јеховините славни намери ќе ја исполни Земјата исто како што океаните ги полнат морските длабочини.

Четвртата и петтата неволја

18. Која е четвртата неволја која ја објавил Авакум, и како таа се одразува во моралната состојба на светот денес?

18 Четвртата неволја е опишана во Авакум 2:15 со овие зборови: „Тешко му на оној што го пои ближниот свој со пијалок, измешан со злобата своја, за да ја види голотијата негова!“ Ова укажува на распуштената, своеглава состојба на современиов свет. Неговиот неморал, поддржан дури и од попустливите религиозни тела, се спуштил на уште пониско ниво. Ширум Земјата беснеат чуми како што е СИДА-та и други сексуално преносливи болести. Наместо да ја одразува „славата Господова“, денешната „прво јас“ генерација сѐ подлабоко тоне во расипаност и се движи кон извршувањето на Божјиот суд. „Презаситен со срам место со слава“, овој деликвентен свет само што не се напил од чашата на Јеховината јарост, која ја претставува неговата волја во врска со него. Ќе има ‚срам врз неговата слава‘ (Авакум 2:16).

19. На што се однесува уводот кон петтата неволја која ја објавил Авакум, и зошто тие зборови имаат значење во денешниот свет?

19 Еден увод кон петтата неволја строго предупредува против обожавањето на резбани ликови. Јехова дал пророкот да ги објави овие силни зборови: „Тешко му на оној, кој на дрво вели — ‚стани‘ — и на нем камен — ‚разбуди се‘. Ќе научи ли тој некого на нешто? Ете, тој е опкован со злато и сребро, но здив во него нема“ (Авакум 2:19). До ден-денес, како христијанскиот свет така и таканареченото паганство се поклонуваат на своите распетија, богородици, икони и други направени ликови на луѓе и животни. Ниту еден од нив нема да може да се разбуди за да ги спаси своите обожаватели кога Јехова ќе дојде да изврши суд. Нивното опковано злато и сребро бледнее до мртва бесмисленост во споредба со величественоста на вечниот Бог Јехова, и со славата на неговите живи созданија. Нека сите го величаме неговото неспоредливо име засекогаш!

20. Во кое храмско уредување сме привилегирани радосно да служиме?

20 Да, нашиот Бог Јехова е достоен за сета фалба. Со чувство на длабока почит кон него, да внимаваме на ова строго предупредување против идолопоклонството. Но, слушај! Јехова сѐ уште зборува: „Господ е во Својот свет храм: нека молчи целата земја пред лицето Негово!“ (Авакум 2:20). Без сомнение, пророкот го имал на ум ерусалимскиот храм. Меѓутоа, ние денес сме привилегирани да обожаваме во едно далеку повеличествено, духовно храмско уредување, каде што нашиот Господ Исус Христос е поставен како Првосвештеник. Тука, во земниот двор на тој храм, ние се состануваме, служиме и се молиме, оддавајќи му ја на Јехова честа која му припаѓа на неговото славно име. И колкава само радост имаме во срдечното обожавање на нашиот љубезен небесен Татко!

Дали се сеќаваш?

• Како гледаш на Јеховините зборови: „Нема да се забави“?

• Какво е денешното значење на неволјите кои биле објавени преку Авакум?

• Зошто треба да продолжиме да го разгласуваме Јеховиното предупредување?

• Во дворот на кој храм сме привилегирани да служиме?

[Прашања]

[Слики на страница 15]

Исто како Авакум, денешните Божји слуги знаат дека Јехова нема да се забави

[Слики на страница 18]

Дали ја цениш предноста што можеш да го обожаваш Јехова во дворот на неговиот духовен храм?

[Извор на слика на страница 16]

U.S. Army photo