Прашања од читателите
Во Езекиел поглавје 37 се зборува за две прачки кои стануваат како една прачка. Што значи тоа?
Преку пророкот Езекиел, Јехова претскажал дека израелскиот народ ќе се обедини кога, по долгогодишно ропство, ќе се врати во Ветената земја. Ова пророштво исто така покажува дека оние што ќе му служат на Бог во последните денови ќе бидат обединети како еден народ.
Јехова му кажал на пророкот Езекиел да пишува на две прачки. На едната прачка требало да напише: „За Јуда и за синовите на Израел, кои му се другари“, а на другата: „За Јосиф, прачката на Ефрем, и за сиот дом на Израел, кои се негови другари“. Двете прачки требало да станат како „една прачка“ во раката на Езекиел (Езек. 37:15-17).
4. Мој. 1:32, 33; 5. Мој. 33:13, 17; 1. Цар. 11:26). Јосиф добил посебен благослов од својот татко, Јаков. Затоа било соодветно прачката која го претставувала десетплеменското северно царство да биде наречена „прачката на Ефрем“. Во 740 год. пр.н.е., долго пред Езекиел да го даде ова пророштво, Асирците го освоиле северното израелско царство и го одвеле народот во ропство (2. Цар. 17:6). Со години подоцна, Вавилонците ги поразиле Асирците. Затоа, кога Езекиел го запишал пророштвото за двете прачки, повеќето од Израелците биле расеани низ Вавилонското Царство.
На што се однесува зборот „Ефрем“? Племето Ефрем било највлијателното од десетте племиња на северното царство Израел. Всушност, првиот цар на ова царство, Јеровоам, бил од тоа племе кое потекнувало од Ефрем, синот на Јосиф (Во 607 год. пр.н.е., Вавилонците го освоиле јужното двоплеменско царство Јуда. Освен жителите на Јуда, тие ги одвеле во Вавилон и сите оние што можеби преостанале од северното израелско царство. Царевите на јужното царство потекнувале од племето Јуда. Свештениците исто така живееле во Јуда бидејќи служеле во храмот во Ерусалим (2. Лет. 11:13, 14; 34:30). Затоа било соодветно што двоплеменското царство било претставено со прачката „за Јуда“.
Кога биле составени овие две симболични прачки? Тоа се случило во 537 год. пр.н.е., кога дел од Евреите кои потекнувале и од јужното и од северното царство се вратиле заедно од изгнанство за да го изградат храмот во Ерусалим. Израелскиот народ повеќе не бил поделен. Израелците повторно му служеле обединето на Јехова (Езек. 37:21, 22). Ова единство исто така го претскажале пророците Исаија и Еремија (Иса. 11:12, 13; Ерем. 31:1, 6, 31).
Од ова пророштво учиме нешто многу важно: Јехова ветил дека сите што му служат ќе „станат едно“ (Езек. 37:18, 19). Дали ова ветување во врска со единството на неговиот народ се исполнило во нашево време? Да. Тоа почнало да се исполнува во 1919 год., кога слугите на Јехова постепено биле организирани за да му служат обединето како еден народ. На тој начин биле осуетени обидите на Сатана, кој сакал засекогаш да ги разедини Божјите слуги.
Во тоа време, повеќето Јеховини слуги имале надеж да служат како цареви и свештеници со Исус на небото (Отк. 20:6). Во симболична смисла, тие биле слични на прачката на Јуда. Но, со текот на времето почнал да расте бројот на оние што имале надеж за вечен живот на Земјата, кои им се придружувале на духовните Евреи (Зах. 8:23). Тие биле слични на прачката на Јосиф.
Денес и двете групи му служат обединето на Јехова. Тие имаат еден Цар, Исус Христос. Во пророштвото на Езекиел, тој Цар е наречен „мојот слуга Давид“ (Езек. 37:24, 25). Во врска со своите следбеници, Исус му се молел на својот Татко: „За да бидат сите едно, како што ти си, Татко, во единство со мене и јас во единство со тебе“ a (Јован 17:20, 21). Исус исто така претскажал дека неговото мало стадо од помазани ученици ќе бидат „едно стадо“ со „другите овци“. Сите тие ќе имаат „еден пастир“ (Јован 10:16). Токму како што прорекол Исус, сите Божји слуги денес се обединети, сеедно дали имаат надеж за вечен живот на небото или на Земјата!
a Кога го дал знакот за последните денови, Исус им раскажал неколку споредби на своите ученици. Интересно е да се забележи дека најпрво го спомнал „верниот и разборит роб“, малата група помазани браќа која ќе го предводи Божјиот народ (Мат. 24:45-47). Потоа дал споредби кои главно се однесувале на сите помазаници (Мат. 25:1-30). На крајот зборувал за оние што ќе ги поддржуваат неговите браќа и ќе живеат засекогаш на Земјата (Мат. 25:31-46). Слично на тоа, во нашево време, пророштвото на Езекиел најпрво почнало да се исполнува на оние што имаат надеж да живеат на небото. Иако десетте израелски племиња обично не ги претставуваат оние што ќе живеат вечно на Земјата, единството опишано во ова пророштво нѐ потсетува на единството што владее помеѓу нив и оние што имаат небесна надеж.