ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
„Научив многу од другите“
БЕВ млад војник во француската војска. Нашата единица беше стационирана во планините на Алжир. Во таа област борбите стануваа сѐ пожестоки. Една темна ноќ, бев сам на стража опколен од вреќи со песок и во рацете држев митралез. Одеднаш слушнав звук на чекори кој стануваше сѐ погласен. Крвта ми се смрзна. Воопшто немав желба да убивам, а и не сакав да го изгубам животот. Затоа извикав: „Боже, помогни ми!“
Оваа случка беше пресвртница за мене, бидејќи од тој момент почнав да размислувам за Бог и за смислата на животот. Пред да ви кажам што се случи понатаму таа ноќ, сакам да ви раскажам некои работи што ги доживеав како дете, кои влијаеа врз моето размислување и кои разбудија желба во мене да го запознаам Бог.
ПОУКИ ШТО ГИ ДОБИВ ОД ТАТКО МИ
Роден сум во 1937 год. во Гесна, рударско гратче во северна Франција. Од татко ми кој беше рудар и ископуваше јаглен, научив колку е важно да се биде трудољубив. Тој имаше многу силно чувство за правда кое го поттикна да се бори за правата на рударите, кои работеа во опасни услови. За да им помогне, тој се зачлени во синдикални здруженија и учествуваше во штрајкови. Исто така, татко ми не можеше да го поднесе лицемерството на локалните свештеници. Иако многу од нив имаа удобен живот, тие бараа храна и пари од рударите кои едвај врзуваа крај со крај. На татко ми толку му беше одвратно однесувањето на свештениците што никогаш не ме поучуваше за религијата. Всушност, воопшто не ни зборувавме за Бог.
Како што растев, и јас стекнав силно чувство за правда и почнав да ги мразам неправдите. Една работа која многу ми пречеше беа предрасудите што многу луѓе ги имаа кон странците кои живееја во Франција. Јас играв фудбал со деца на имигранти и ми беше убаво во нивно друштво. Освен тоа, мајка ми беше од Полска. Сакав луѓето од различни националности да живеат заедно во мир и да бидат рамноправни.
ПОЧНАВ ПОСЕРИОЗНО ДА РАЗМИСЛУВАМ ЗА ЖИВОТОТ
Во 1957 год. бев регрутиран во војската. Така, всушност, се најдов таа темна ноќ на планините во Алжир. Откако извикав: „Боже, помогни ми!“, пред мене излезе едно диво магаре. Ми падна камен од срце кога видов дека не е непријателски војник. Сепак, таа случка, но и целата војна ме поттикна посериозно да размислувам за смислата на животот. Се прашував: „Зошто постоиме? Дали Бог се грижи за нас? Дали некогаш ќе има вистински мир?“
Подоцна, кога отидов дома за да се видам со моите родители, се запознав со еден Јеховин сведок. Тој ми даде една Библија на француски јазик, која беше превод од католичката црква. Кога се вратив во Алжир, почнав да ја читам и посебен впечаток ми оставија зборовите од Откровение 21:3, 4, каде што пишува: „Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето... И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“. a Никогаш претходно немав слушнато вакво нешто. Се прашував дали тоа навистина е можно. Во тоа време не знаев речиси ништо за Бог и за Библијата.
Во 1959 год., кога се вратив од војска, сретнав еден Јеховин сведок, по име Франсоа, кој ме поучи за многу библиски вистини. На пример, тој ми покажа од Библијата дека Бог се вика Јехова (Пс. 83:18). Исто така, ми објасни дека Јехова ќе донесе правда на целата Земја, ќе ја претвори нашата планета во рај и ќе го исполни она што е запишано во Откровение 21:3, 4.
Овие учења од Библијата ми беа многу логични и ме допреа до срце. Но исто така, им бев многу лут на свештениците и сакав на сите да им кажам дека ги поучуваат луѓето за работи кои не се запишани во Библијата. Изгледа дека сѐ уште бев под влијание на ставовите на татко ми и сакав веднаш да ја исправам неправдата!
Франсоа и другите Сведоци кои ги запознав ми помогнаа да си го смирам гневот. Тие ми објаснија дека како христијани ние не треба да им судиме на другите, туку треба да им ја пренесеме добрата вест за Божјето Царство која може да им влее надеж. Тоа го правел Исус, а им заповедал и на своите ученици да го прават (Мат. 24:14; Лука 4:43). Исто така, требаше да научам да зборувам со луѓето љубезно и тактично, дури и кога не се согласував со нивните верувања. Во Библијата пишува: „Робот на Господарот не смее да се кара, туку треба да биде благ кон сите“ (2. Тим. 2:24).
Со текот на времето ги направив потребните промени и на еден покраински собир во 1959 год. се крстив како Јеховин сведок. Таму Изр. 19:14).
се запознав со една млада сестра по име Анжел која многу ми се допадна. Одвреме-навреме одев на состаноци во нејзиното собрание и во 1960 год. се венчавме. Таа е прекрасна жена и сопруга и скапоцен дар од Јехова (НАУЧИВ МНОГУ ОД МУДРИ И ИСКУСНИ БРАЌА
Низ годините научив голем број важни работи од мудри и искусни браќа. Една од најважните поуки што ги научив е дека, за успешно да извршиме некоја потешка задача, треба да бидеме понизни и да го примениме советот од Изреки 15:22, каде што стои: „Успехот лежи во мноштвото советници“.
Во 1964 год. почнав да сфаќам колку се вистинити овие зборови. Таа година почнав да служам како покраински надгледник и да ги посетувам собранијата со цел да ги охрабрам браќата и сестрите и да ги зајакнам во духовен поглед. Но, имав 27 години и немав многу искуство. Затоа правев грешки. Сепак, се трудев да учам од нив. Но, пред сѐ, извлеков многу скапоцени поуки од советите на зрелите и искусни соверници.
Се сеќавам на нешто што се случи кратко откако почнав да служам како покраински надгледник. На крајот од посетата на едно собрание во Париз, еден духовно зрел брат ме праша дали би можел да ми каже нешто насамо. Јас му реков: „Секако“.
Тој ме праша: „Луј, кога еден лекар оди на домашна посета, кого сака да го види?“
Јас му одговорив: „Оној што е болен“.
Тој ми рече: „Така е. Но, јас забележав дека поголемиот дел од времето ти го помина со оние што се здрави во духовен поглед, како што е собранискиот надгледник. Во нашето собрание има многу браќа и сестри кои се обесхрабрени, понови во вистината или срамежливи. Тие многу ќе се охрабреа да им посветеше време и внимание, па дури и само да отидеше на еден оброк во нивниот дом“.
Советот што ми го даде овој мил брат беше сосема на место, и му бев многу благодарен. Бев трогнат од неговата голема љубов кон Јеховините овчички. Затоа си ја проголтав гордоста и веднаш почнав да го применувам она што ми го кажа. Многу сум му благодарен на Јехова за таквите браќа.
Во 1969 и 1973 год. бев замолен да го надгледувам одделението кое беше задолжено да Изреки 15:22 — советувај се со мудрите. Затоа побарав помош од духовно зрели браќа кои работеа со храна. Некои од нив беа месари, одгледувачи на зеленчук, готвачи и набавувачи. Заедно, успеавме да ја извршиме таа задача која ни се чинеше како планина.
обезбеди храна на два меѓународни конгреси во Париз. На конгресот во 1973 год., кој траеше пет дена, секој ден требаше да обезбедиме храна за околу 60.000 луѓе! Немав поим како ќе го направиме тоа. И во овој случај, решението за проблемот бешеВо 1973 год., јас и жена ми бевме поканети да служиме во Бетелот во Франција. И првата задача што ја добив таму воопшто не беше лесна. Требаше да најдам начин како да им се доставува литература на нашите браќа во Камерун (Африка), каде што нашето дело беше забрането од 1970 до 1993 год. Повторно се прашував дали ќе можам да го направам тоа. Надгледникот на подружницата во Франција изгледа забележа како се чувствувам и, за да ме охрабри, ми рече: „На нашите браќа во Камерун многу им е потребна духовна храна. Ајде да ги нахраниме!“ Токму тоа и го направивме.
Неколку пати отпатував во земјите кои се граничат со Камерун за да се сретнам со старешините од таа земја. Тие храбри и мудри браќа ми помогнаа да најдам начини како да ја испраќам литературата во Камерун за да можат браќата таму редовно да добиваат духовна храна. Јехова го благослови нашиот труд. Всушност, околу 20 години Сведоците од оваа земја не останаа без ниту еден број од Стражарска кула или од Нашата служба за Царството која излегуваше секој месец.
НАУЧИВ МНОГУ ОД МОЈАТА СКАПОЦЕНА ЖЕНА
Уште кога се запознававме со Анжел, видов дека таа е духовна личност. Откако се зедовме, нејзините убави особини дојдоа уште повеќе до израз. Всушност, истиот ден кога се венчавме таа побара од мене да се молам за нашата
желба да му служиме на Јехова колку што е можно повеќе како брачен пар. И Јехова ни одговори на таа молитва.Исто така, Анжел ми помогна да имам поголема доверба во Јехова. На пример, кога во 1973 год. бевме повикани во Бетел, јас се двоумев дали да ја прифатиме поканата затоа што ја сакав патувачката служба. Но, Анжел ме потсети дека ние му го заветувавме нашиот живот на Јехова и дека затоа треба спремно да прифатиме сѐ што ќе побара организацијата од нас (Евр. 13:17). Навистина беше во право! И така отидовме во Бетел. Тоа што мојата жена е мудра, разумна и многу го сака Јехова ни помогна да имаме цврст брак и да носиме добри одлуки сите овие години откако сме заедно.
Иако сме во поодминати години, Анжел сѐ уште е прекрасна сопруга која ми дава голема поддршка. На пример, за да можеме да присуствуваме на теократски школи, од кои повеќето се одржуваа на англиски, јас и Анжел требаше да вложиме голем труд за подобро да го научиме тој јазик. Затоа се префрливме во собрание на англиски јазик, иако во тоа време имавме околу 75 години. Бидејќи бев член на Одборот на подружницата во Франција и имав многу одговорности, ми беше тешко да најдам време да учам нов јазик. Но, јас и Анжел си помагавме еден на друг. Иако сега имаме преку 80 години, сѐ уште се подготвуваме за собраниските состаноци и на англиски и на француски. Исто така, се трудиме во склад со нашите околности колку што е можно повеќе да учествуваме во состаноците и во службата на проповедање заедно со собранието. Јехова го благослови трудот што го вложивме за да научиме англиски.
Во 2017 год. добивме еден посебен благослов. Јас и Анжел имавме можност да присуствуваме на Школата за членови на одборите на подружниците и нивните сопруги, која се одржа во Образовниот центар Патерсон (Њујорк).
Јехова навистина е Најголемиот Учител (Иса. 30:20). Затоа, сите ние, без разлика дали сме стари или млади, ги добиваме најдобрите можни поуки (5. Мој. 4:5-8). Со свои очи гледав како младите кои ги слушаа и Јехова и поискусните браќа и сестри, носеа добри одлуки во животот и стануваа духовно зрели личности. Во Изреки 9:9 пишува: „Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар. Поучувај го праведникот, и ќе знае повеќе“.
Понекогаш се присетувам на таа темна и страшна ноќ на планините во Алжир, пред околу 60 години. Тогаш ни на крај памет не ми паѓаше колку убав живот ќе имам. Навистина научив многу од другите! Благодарение на Јехова, јас и Анжел имаме среќен и исполнет живот. Затоа сме решени никогаш да не престанеме да учиме од нашиот небесен Татко и од мудрите и искусни браќа и сестри кои го сакаат.
a Свето Писмо — превод Нов свет.