Благост — како може да ни користи?
„По природа сум срамежлива“, вели една сестра по име Сара, a „и немам многу самодоверба. Затоа ми е непријатно кога сум со луѓе што се наметливи и нападни. Но, кога сум во друштво на некој што е понизен и благ, се чувствувам опуштено. Можам да му се отворам, да ги споделам моите чувства со него и да му кажам што ме мачи. Моите најблиски пријатели се вакви личности.“
Од овие зборови на Сара се гледа дека, ако сме благи, ќе им бидеме мили на другите. Јехова се радува кога покажуваме благост. Неговата Реч нѐ поттикнува: „Облечете се во... благост“ (Кол. 3:12). Но, што е благоста? Како Исус ја покажувал? И како оваа особина може да ни помогне да бидеме посреќни?
ШТО Е БЛАГОСТА?
Благиот човек е добродушен, исполнет со мир и спокојство. Тој се однесува обѕирно кон другите и покажува добрина кон нив. Освен тоа, таквиот човек останува смирен и се совладува кога му се случува нешто што може да го извади од такт.
Благоста не е знак на слабост, туку на внатрешна сила. Грчкиот збор за благост се користел да се опише див коњ кој бил припитомен. Коњот сѐ уште ја има истата сила но, благодарение на стрпливото тренирање, тој бил скротен. На сличен начин, оној што покажува благост е силен затоа што успева да ја скроти својата несовршена природа и да постапува мирољубиво со другите.
Можеби си мислиш: „Јас не сум баш некоја блага личност“. Бидејќи живееме во свет во кој многу луѓе се безобѕирни и нестрпливи, можеби навистина ни е тешко да бидеме благи (Рим. 7:19). Затоа мора да вложиме труд да ја развиваме оваа особина. Јеховиниот свет дух ќе ни помогне да бидеме цврсто решени да успееме во тоа (Гал. 5:22, 23). Зошто вреди да се напрегаме да стекнеме благост?
Ако сме благи, луѓето ќе сакаат да бидат во наше друштво. Како што вели Сара, која беше цитирана погоре, се чувствуваме опуштено кога сме заедно со некој што е благ. Исус е извонреден пример за блага и добродушна личност (2. Кор. 10:1). Дури и децата сакале да бидат во негово друштво иако не го познавале (Мар. 10:13-16).
Благоста нѐ штити и нас и другите околу нас. Ако сме благи, нема брзо да се нервираме и да Изр. 16:32). На тој начин, подоцна нема да нѐ измачуваат чувства на вина кои обично се јавуваат кога ќе повредиме некого — особено ако тоа е некој што го сакаме. Освен тоа, ако сме благи, ќе се контролираме и нема да ги повредуваме другите, а тоа ќе биде заштита за нив.
реагираме гневно (СОВРШЕН ПРИМЕР ЗА БЛАГОСТ
И покрај тоа што имал големи одговорности и многу обврски, Исус бил благ кон сите. Додека бил на Земјата, многумина биле исцрпени и оптоварени, и имале потреба да бидат закрепнати. Сигурно многу се утешиле кога Исус им рекол: „Дојдете кај мене... зашто јас сум благ и со понизно срце“ (Мат. 11:28, 29).
Што ќе ни помогне да бидеме благи како што бил Исус? Прво, треба да ја проучуваме Божјата Реч за да видиме како тој се однесувал со луѓето и како постапувал во тешки ситуации. А потоа, кога нашата благост ќе биде ставена на испит, треба да се трудиме да постапуваме како Христос (1. Пет. 2:21). Да разгледаме три работи што му помогнале на Исус да биде благ.
Исус бил понизен во срцето. Тој за себе рекол дека е „благ и со понизно срце“ (Мат. 11:29). Во Библијата, благоста и понизноста се спомнуваат заедно бидејќи се тесно поврзани (Еф. 4:1-3). Зошто го велиме ова?
Ако сме понизни, нема да си придаваме преголема важност или да бидеме преосетливи. Како постапил Исус кога другите неправедно го критикувале дека е „ненаситник и пијаница“? Бидејќи бил понизен, само благо им рекол дека „мудроста ја оправдуваат нејзините дела“ (Мат. 11:19). Со својот пример, тој докажал дека не се во право.
Ако некој ти каже нешто непромислено во врска со твојата раса, пол или потекло, зошто не се потрудиш да покажеш благост? Питер, кој служи како старешина во Јужноафриканската Република, вели: „Кога некој ќе каже нешто што ќе ме вознемири, се прашувам: ’Што би направил Исус во оваа ситуација?‘“ Тој додава: „Научив да не си придавам преголема важност“.
Исус имал разбирање за човечките слабости. Иако неговите ученици биле добронамерни, понекогаш не успевале да постапат исправно затоа што биле несовршени. На пример, ноќта пред Исус да биде погубен, Петар, Јаков и Јован не успеале да му ја дадат емоционалната поддршка што му била потребна. Сепак, Исус покажал разбирање за нив. Тој рекол: „Духот, навистина, е спремен, но телото е слабо“ (Мат. 26:40, 41). Бидејќи бил свесен дека се несовршени, не им се налутил на своите апостоли.
Една сестра по име Менди имала обичај да им наоѓа маани на другите, но сега дава сѐ од себе да биде блага како Исус. Таа вели: „Сфаќам дека сите сме несовршени, и затоа се трудам да го гледам доброто кај другите, исто како што прави и Јехова“. Ако размислуваш како Исус покажувал разбирање и сочувство за човечките слабости, тоа ќе ти помогне да бидеш благ кон другите.
Исус ги оставал работите во Јеховини раце. Додека бил на Земјата, Исус се помирил дека ќе биде жртва на неправди. Луѓето не го разбирале, го презирале и го мачеле. И покрај сѐ, тој останал благ бидејќи му се препуштил „на оној што праведно суди“ (1. Пет. 2:23). Исус знаел дека неговиот небесен Татко ќе му помогне да истрае и дека ќе им стави крај на неправдите во вистинско време.
Ако сме лути затоа што некој постапил неправедно со нас и настојуваме сами да истераме правда, би можеле само да ја влошиме ситуацијата. Затоа, Божјата Реч нѐ потсетува: „Човековиот гнев не ја донесува праведноста што ја бара Бог“ (Јак. 1:20). Дури и ако со право сме лути и вознемирени, несовршеноста може да нѐ наведе да реагираме на погрешен начин.
Една сестра од Германија по име Кети си мислела: „Ако сам не ги браниш своите права, никој друг нема да го стори тоа за тебе“. Но, кога научила да се потпира на Јехова, Кети си го сменила ставот. Таа вели: „Повеќе немам потреба постојано да се докажувам. Се трудам секогаш да постапувам благо бидејќи сум свесна дека еден ден Јехова ќе ги исправи сите неправди“. Дури и да си бил жртва на неправда, ќе успееш да останеш смирен
и благ ако го следиш примерот на Исус така што ќе се потпираш на Бог.„СРЕЌНИ СЕ ОНИЕ ШТО ИМААТ БЛАГ НАРАВ“
Исус кажал дека, за да бидеме среќни, мора да бидеме благи. Тој рекол: „Среќни се оние што имаат благ нарав“ (Мат. 5:5, фус.). Да видиме како благоста може да ни помогне во следниве ситуации.
Благоста ја намалува напнатоста во бракот. Роберт, еден брат од Австралија, признава: „На жена ми сум ѝ кажал многу работи со кои сум ја повредил, а кои воопшто не сум ги мислел. Но, штом еднаш ќе кажеш нешто непромислено во гнев, не можеш да го вратиш назад. Ми беше многу жал кога сфатив колку голема болка сум ѝ нанесувал“.
„Сите ние честопати грешиме“ кога зборуваме, и со своите непромислени зборови може да го нарушиме мирот во нашиот брак (Јак. 3:2). Во такви ситуации, благоста може да ни помогне да останеме смирени и да си го зауздаме јазикот (Изр. 17:27).
Роберт вложил голем напор за да научи да се контролира и да биде смирен. Каков бил резултатот? Тој вели: „Денес, секогаш кога ќе дојде до несогласување, свесно се трудам внимателно да ја слушам жена ми, да зборувам благо и да не се изнервирам. Сега нашиот однос е многу подобар од порано“.
Благоста ни помага да бидеме во добри односи со другите. Оние што лесно се навредуваат, на крајот остануваат без пријатели. Но, благоста ни помага да го зачуваме единството и мирот (Еф. 4:2, 3). Кети, која беше цитирана погоре, вели: „Бидејќи се трудам да постапувам благо, имам помалку непријатни ситуации, иако со некои луѓе не е секогаш лесно да се излезе на крај“.
Благоста ни помага да имаме душевен мир. Библијата ја поврзува „мудроста одозгора“ со благоста и со мирот (Јак. 3:13, 17). Благиот човек има мир во срцето (Изр. 14:30). Мартин, кој многу се трудел да ја развие оваа особина, вели: „Сега не настојувам секогаш да биде по мое, и чувствувам поголем душевен мир и среќа“.
Можеби и ние ќе треба да вложиме голем напор за да бидеме благи. Еден брат вели: „Да бидам искрен, до ден-денес ми се случува понекогаш да зовријам од лутина“. Но Јехова, кој нѐ поттикнува да покажуваме благост, ќе ни помогне успешно да ја водиме оваа битка (Иса. 41:10; 1. Тим. 6:11). Тој ќе нѐ зацврсти и ќе го доврши нашето обучување (1. Пет. 5:10). Со текот на времето, исто како апостол Павле, и ние ќе можеме да ја одразуваме „Христовата благост и доброта“ (2. Кор. 10:1).
a Некои имиња се сменети.