Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 6

Имаш ли доверба дека Јехова секогаш постапува исправно?

Имаш ли доверба дека Јехова секогаш постапува исправно?

Тој е Карпа, делото му е совршено, зашто сите негови патишта се правда. Тој е верен Бог, без неправда, праведен е и вистинољубив (5. МОЈ. 32:4)

ПЕСНА 3 Нашата сила, надеж и доверба

КРАТОК ПРЕГЛЕД *

1-2. а) Зошто на многумина им е тешко да им веруваат на оние што имаат некаков авторитет во општеството? б) Што ќе разгледаме во оваа статија?

ДЕНЕС на многумина им е тешко да им веруваат на оние што имаат некаков авторитет во општеството. Тие гледаат дека правниот и политичкиот систем честопати ги штитат богатите и моќните, а им ја ускратуваат правдата на сиромашните. Библијата многу точно опишува: „Човек владее над човек на негова штета“ (Проп. 8:9). Освен тоа, одредени верски водачи прават лоши работи, поради што некои луѓе ја изгубиле довербата во Бог. Затоа, кога ја проучуваме Библијата со некого, треба да му помогнеме да стекне доверба во Јехова и во браќата на кои им дал задача да предводат.

2 Се разбира, интересентите не се единствените што треба да научат да имаат доверба во Јехова и во неговата организација. Дури и ако веќе со години му служиме на Јехова, никогаш не треба да го заборавиме фактот дека тој секогаш постапува на исправен начин. Понекогаш, некои ситуации можат да ја стават на испит нашата доверба во него. Во оваа статија ќе разгледаме три подрачја на кои може да биде испитана нашата вера: 1) кога читаме некои библиски извештаи, 2) кога добиваме упатства од Јеховината организација и 3) кога во иднина ќе се соочиме со некои потешкотии.

ИМАЈ ДОВЕРБА ВО ЈЕХОВА КОГА ЈА ЧИТАШ БИБЛИЈАТА

3. Како некои библиски извештаи би можеле да ја стават на испит нашата доверба во Јехова?

 3 Кога ја читаме Божјата Реч, можеби се прашуваме зошто Јехова постапил со некои луѓе на одреден начин и зошто донел некои одлуки? На пример, во 4. Мојсеева читаме дека Јехова му изрекол смртна казна на еден Израелец затоа што собирал дрва на ден за одмор. А во 2. Самоилова читаме дека, со векови подоцна, Јехова му простил на цар Давид иако извршил прељуба и убиство (4. Мој. 15:32, 35; 2. Сам. 12:9, 13). Можеби се прашуваме: „Зошто Јехова му простил на Давид иако извршил убиство и прељуба, но го осудил на смрт другиот човек за навидум помалку сериозен грев?“ За да одговориме на ова прашање, да разгледаме три работи кои треба да ги имаме на ум кога ја читаме Библијата.

4. Како стиховите од 1. Мојсеева 18:20, 21 и 5. Мојсеева 10:17 ни ја зајакнуваат довербата дека Јеховините одлуки секогаш се исправни?

4Во Библијата не се секогаш запишани сите детали за некој извештај. На пример, знаеме дека Давид искрено се каел за она што го направил (Пс. 51:2-4). Но, каков човек бил оној што не го држел денот за одмор? Дали му било жал за она што го направил? Дали и порано ги прекршувал Јеховините закони? Дали претходно добивал предупредувања, но не обрнувал внимание на нив, па дури и ги отфрлал? Библијата не ни кажува. Сепак, во едно може да бидеме сигурни: Јехова никогаш не постапува неправедно (5. Мој. 32:4). Кога носи одлуки, тој ги зема предвид сите факти — не суди на темел на прекажани работи, на предрасуди или на што и да е друго кое честопати го искривува човечкиот суд. (Прочитај 1. Мојсеева 18:20, 21; 5. Мојсеева 10:17.) Колку повеќе учиме за Јехова и за неговите мерила толку поголема доверба ќе имаме во неговите одлуки. Дури и ако за некој библиски извештај ни се појават прашања на кои немаме одговор сега, знаеме доволно за нашиот Бог за да бидеме уверени дека тој е „праведен на сите свои патишта“ (Пс. 145:17).

5. Како несовршеноста влијае врз нашето чувство за правда? (Види ја и рамката „ Несовршеноста ни го искривува чувството за правда“.)

5Нашето чувство за правда е искривено поради несовршеноста. Ние сме создадени според Божјиот лик, и затоа сакаме со нас и со другите луѓе да се постапува праведно (1. Мој. 1:26). Сепак, бидејќи сме несовршени, може погрешно да ги процениме работите дури и кога мислиме дека ги имаме сите факти. На пример, сети се колку Јона се разочарал кога Јехова им покажал милост на Ниневијците (Јона 3:10 — 4:1). Но, кој бил исходот од Јеховината одлука? Биле спасени повеќе од 120.000 Ниневијци кои се покајале! Според тоа, Јона бил тој што требало да си го смени ставот, а не Јехова.

6. Зошто Јехова не е должен да ни ги објаснува причините за своите одлуки?

6Јехова не е должен да им ги објаснува на луѓето причините за своите одлуки. Точно е дека Јехова им дозволувал на своите слуги од минатото да ги изразат своите грижи за одлуките што ги донел или што планирал да ги донесе (1. Мој. 18:25; Јона 4:2, 3). И, понекогаш објаснувал зошто донел некоја одлука (Јона 4:10, 11). Сепак, Јехова не мора да ни полага сметка за она што го прави. Бидејќи е наш Творец, не му е потребно нашето одобрување — ниту пред ниту откако ќе постапи на одреден начин (Иса. 40:13, 14; 55:9).

ИМАЈ ДОВЕРБА ВО ЈЕХОВА КОГА ДОБИВАШ УПАТСТВА

7. Што би можело да ни биде предизвик, и зошто?

7 Без сомнение, со сето срце се согласуваме дека Јехова секогаш постапува исправно. Сепак, можеби ни е предизвик да имаме доверба во луѓето што ги поставил да предводат. Можеби се прашуваме дали браќата кои имаат одредени одговорности во Јеховината организација навистина го следат Јеховиното водство или, пак, постапуваат по свое. Така можеби размислувале некои што живееле во библиски времиња. Размисли за примерите спомнати во  пасус 3. Некој роднина на човекот што не го држел денот за одмор можеби се прашувал дали Мојсеј навистина се советувал со Јехова пред да биде изречена смртната пресуда. А некој пријател на Урија Хетеецот, чија жена извршила прељуба со Давид, можеби си мислел дека Давид ја искористил својата положба како цар за да ја избегне смртната казна што ја заслужувал. Очигледно е дека не можеме да кажеме дека имаме доверба во Јехова ако немаме доверба во браќата што предводат — оние во кои тој има доверба.

8. Каква сличност има помеѓу она што е запишано во Дела 16:4, 5 и начинот на кој денес функционира христијанското собрание?

8 Денес Јехова го води земниот дел на својата организација преку „верниот и разборит роб“ (Мат. 24:45). Исто како водечкото тело од првиот век, овој роб го надгледува Божјиот народ низ целиот свет и им дава упатства на собраниските старешини. (Прочитај Дела 16:4, 5.) Потоа, старешините ги спроведуваат тие упатства во собранијата. Покажуваме дека имаме доверба во Јеховиното водство така што ги следиме упатствата што ги добиваме од организацијата и од старешините.

9. Кога можеби ни е тешко да ги поддржуваме одлуките што ги носат старешините, и зошто?

9 Понекогаш можеби ни е тешко да ги поддржиме одлуките што ги носат старешините. На пример, во изминативе години многу собранија и покраини беа реорганизирани. Во некои случаи, старешините замолија некои објавители да се префрлат во друго собрание за да може најдобро да се искористат местата за седење во нашите сали. Ако ние сме замолени да се префрлиме во друго собрание, можеби ќе ни биде тешко да се одвоиме од некои наши пријатели или од фамилијата. Дали Јехова им кажува на старешините каде да го доделат секој објавител? Не. И токму поради тоа може да ни биде предизвик да го следиме водството што го добиваме. Но, Јехова има доверба во старешините кога носат такви одлуки, а треба да имаме доверба и ние. *

10. Во склад со Евреите 13:17, зошто треба да соработуваме со старешините?

10 Зошто треба да соработуваме со старешините и да ги поддржуваме нивните одлуки дури и кога повеќе би ни одговарала некоја друга одлука? Бидејќи така придонесуваме да се зачува единството меѓу Божјиот народ (Еф. 4:2, 3). Собранието напредува кога сите понизно ги поддржуваат одлуките што ги донело старешинството. (Прочитај Евреите 13:17.) Што е уште поважно, кога соработуваме со оние на кои Јехова им ја доверил грижата за нас, му покажуваме на нашиот Бог дека имаме доверба во него (Дела 20:28).

11. Што ќе ни помогне да си ја зајакнеме довербата во водството што го добиваме од старешините?

11 Можеме да си ја зајакнеме довербата во водството што го добиваме од старешините ако имаме на ум дека тие се молат за свет дух кога дискутираат за работи поврзани со собранието. Исто така, тие внимателно ги разгледуваат соодветните библиски начела и упатствата што ги добиваат од Јеховината организација. Тие од срце сакаат да го радуваат Јехова и да се грижат за неговиот народ најдобро што можат. Овие верни мажи знаат дека ќе положат сметка пред Бог за начинот на кој ги извршуваат своите одговорности (1. Пет. 5:2, 3). Размисли за следново. Во овој свет кој е поделен на расна, верска и политичка основа, Јеховиниот народ обединето го обожава единствениот вистински Бог. Ова е возможно само затоа што Јехова ја благословува својата организација!

12. Кои работи треба да ги разгледаат старешините кога одредуваат дали некој се кае?

12 Јехова им доверил на старешините сериозна одговорност да се грижат собранието да биде чисто. Ако некој христијанин направил тежок грев, Јехова очекува од старешините да одлучат дали може да остане во собранието. Меѓу другото, тие треба да откријат дали навистина му е жал за она што го направил. Тој може да тврди дека се кае, но дали навистина го мрази она што го сторил? Дали е решен да не го повтори гревот? Ако една од причините за неговиот грев е лошото друштво, дали е спремен да престане да се дружи со таквите пријатели? Старешините се молат, ги разгледуваат фактите и она што го вели Библијата, и земаат предвид каков став има престапникот кон она што го направил. Потоа одлучуваат дали тој може да остане во собранието. Во некои случаи престапникот мора да биде исклучен (1. Кор. 5:11-13).

13. Какви мисли можеби нѐ оптоваруваат ако е исклучен некој наш пријател или роднина?

13 Како може да биде ставена на испит нашата доверба во старешините? Ако лицето што е исклучено не ни е близок пријател или роднина, можеби лесно ќе ја прифатиме одлуката на старешините. Но, да речеме дека тоа лице ни е близок пријател. Можеби ќе сметаме дека старешините не ги зеле предвид сите факти или можеби ќе се прашуваме дали навистина одлучиле онака како што би одлучил Јехова. Што ќе ни помогне да задржиме исправен став кон донесената одлука?

14. Што може да ни помогне ако старешините одлучиле да биде исклучен некој наш близок?

14 Треба да имаме на ум дека исклучувањето е мерка од Јехова која му користи на собранието, а може да му користи и на престапникот. Ако на некој што згрешил и не се кае му е дозволено да остане во собранието, тој би можел лошо да влијае врз другите (Гал. 5:9). Освен тоа, така можеби нема да сфати колку е сериозен гревот што го направил и можеби нема да биде поттикнат да ги промени своите ставови и постапки со цел да ја стекне Јеховината милост (Проп. 8:11). Може да бидеме сигурни дека, кога одлучуваат дали некој треба да биде исклучен, старешините многу сериозно гледаат на таа одговорност. Исто како судиите во древниот Израел, тие се свесни дека не судат „во името на некој човек, туку во името на Јехова” (2. Лет. 19:6, 7).

ТОА ШТО ДЕНЕС ИМАМЕ ДОВЕРБА ВО ЈЕХОВА НЀ ПОДГОТВУВА ЗА ИДНИНАТА

Што ќе ни помогне да имаме доверба во упатствата што ќе ги добиеме во големата неволја и спремно да ги следиме? (Види во пасус 15)

15. Зошто е многу важно уште денес да покажуваме доверба во Јеховиното водство?

15 Како што се приближува крајот на овој свет, повеќе од кога и да било порано треба да имаме доверба во Јеховиното водство. Зошто? Во текот на големата неволја можеби ќе добиеме упатства кои ќе ни изгледаат чудни, непрактични или нелогични. Се разбира, Јехова нема да зборува со нас лично. Тој веројатно ќе ни даде водство преку браќата што ги поставил да предводат. Тогаш сигурно нема да биде мудро да се сомневаме во упатствата и да се прашуваме: „Дали ова навистина доаѓа од Јехова или е лично мислење на одговорните браќа?” Како ќе реагираш во тој клучен период од човечката историја? Одговорот можеш да го дознаеш ако размислиш како сега реагираш на теократските упатства. Ако имаш доверба во водството што го добиваме денес и спремно го следиш, веројатно ќе го сториш истото и во текот на големата неволја (Лука 16:10).

16. Како нашата доверба во Јеховините пресуди може да биде ставена на испит во блиска иднина?

16 Има уште една работа за која треба внимателно да размислиме — како ќе реагираме на Јеховините пресуди на крајот на овој свет. Ние се надеваме дека многумина кои не му служат на Јехова, меѓу кои се и некои наши роднини, ќе почнат да му служат пред да дојде крајот. Но во Армагедон, Исус, кого Јехова го поставил за Судија, ќе ја донесе конечната одлука во врска со нив (Мат. 25:31-33; 2. Сол. 1:7-9). Нема ние да одлучиме кому Јехова ќе му покаже милост, а кому не (Мат. 25:34, 41, 46). Дали ќе имаме доверба во Јеховините пресуди или, пак, ќе престанеме да му служиме затоа што нема да се согласиме со неговите одлуки? Очигледно, уште сега треба да си ја зајакнуваме довербата во Јехова за да можеме во иднина да имаме потполна доверба во него.

17. Каква корист ќе имаме од пресудите што Јехова ќе ги донесе на крајот на овој свет?

17 Замисли како ќе се чувствуваме во Божјиот нов свет кога ќе го видиме исходот од Јеховините пресуди. Повеќе нема да постои лажната религија ниту, пак, алчниот трговски систем и политичкиот систем кои со векови ги угнетуваат луѓето и им нанесуваат многу страдања. Болестите, староста, како и смртта на нашите најблиски повеќе нема да бидат дел од нашето секојдневие. Сатана и демоните нема да имаат никакво влијание врз луѓето во период од илјада години. Последиците од нивната побуна ќе бидат отстранети (Отк. 20:2, 3). Колку само благодарни ќе бидеме тогаш што сме имале доверба во Јеховините одлуки!

18. Што учиме од примерот на Израелците? (4. Мојсеева 11:4-6; 21:5).

18 Можно ли е во Божјиот нов свет да се соочиме со некои предизвици кои ќе ја стават на испит нашата доверба во начинот на кој Јехова ги води работите? Размисли што се случило со Израелците кратко откако биле ослободени од ропството во Египет. Некои почнале да се жалат затоа што им недостасувала свежата храна што ја јаделе таму, и покажале презир кон маната што Јехова им ја давал. (Прочитај 4. Мојсеева 11:4-6; 21:5.) Можно ли е и нам да ни се случи нешто слично откако ќе заврши големата неволја? Не знаеме колку работа ќе нѐ чека за да се расчистат остатоците од уништувањето и за постепено да се претвори Земјата во рај. Веројатно ќе има многу работа, и животот на почетокот можеби нема да биде лесен. Дали ќе се жалиме за она што Јехова ќе ни го дава тогаш? Едно е сигурно: Колку повеќе го цениме она што Јехова ни го дава сега, толку поверојатно е дека ќе го цениме и она што ќе ни го дава тогаш.

19. Кои се главните мисли од оваа статија?

19 Јехова секогаш постапува на исправен начин. Треба да бидеме уверени во тоа. Исто така, треба да имаме доверба во оние на кои Јехова им ја доверил одговорноста да ги спроведуваат неговите упатства. Никогаш да не ги заборавиме зборовите што Јехова ги кажал преку пророкот Исаија: „Зачувајте ги мирот и довербата, тоа ќе биде вашата сила“ (Иса. 30:15).

ПЕСНА 98 Светото писмо е вдахновено од Бог

^ пас. 5 Во оваа статија ќе видиме зошто е важно да си ја зајакнеме нашата доверба во Јехова и во браќата што предводат. Исто така, ќе видиме како тоа ќе ни користи уште денес и како може да нѐ подготви за предизвиците со кои ќе се соочиме во иднина.

^ пас. 9 Понекогаш може да има посебни околности поради кои некој поединец или семејство ќе треба да остане во истото собрание. Види во Нашата служба за Царството, ноември 2002, „Рубрика прашања“.