Духовност
Како што беше спомнато во првата статија, многу луѓе ја сметаат Библијата за света книга. Тие сфатиле дека, кога ја читаат и ги применуваат нејзините совети, се чувствуваат поблиски со Бог и наоѓаат вистинска смисла во животот.
Во Библијата, зборот „духовност“ укажува на ставот што некој може да го има кон животот (Јуда 18, 19, фуснота). Таа зборува за духовни и телесни луѓе. Бидејќи на духовниот човек му е важен Бог, тој го цени неговото гледиште и живее според неговите мерила. Спротивно на тоа, телесниот човек се потпира на своето мислење и е заинтересиран само за себе (1. Коринќаните 2:15; Ефешаните 5:1).
НАДЕЖ
БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Ако се обесхрабриш во денот на неволја, ќе ослаби твојата сила“ (Изреки 24:10).
ШТО ЗНАЧИ ОВА: Обесхрабрувањето може да ни ја одземе силата што ни е потребна за да се носиме со животните проблеми. Но, надежта може да ни влее храброст и сила за да не се откажеме. Утешно е да знаеме дека проблемите со кои се соочуваме нема да траат засекогаш — после дождот огрева сонце.
ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ: Труди се да размислуваш позитивно за иднината. Наместо да се грижиш за она што би можело да се случи или да очекуваш еден ден сѐ да биде совршено, преземи чекори за да ги оствариш своите цели. Се разбира, секого од нас може да го снајде нешто непредвидено (Проповедник 9:11). Но, факт е дека честопати работите излегуваат подобро отколку што сме очекувале. Користејќи една метафора од земјоделието, Библијата вели: „Наутро сеј го семето свое и до вечерта нека не ти почива раката. Зашто, не знаеш каде ќе имаш успех, овде или онде, или и едното и другото ќе биде еднакво добро“ (Проповедник 11:6).
ОДГОВОР НА НАЈВАЖНИТЕ ПРАШАЊА
БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17).
ШТО ЗНАЧИ ОВА: Библијата го дава одговорот на прашањата што, кога-тогаш, ќе си ги постави речиси секој човек. На пример, таа содржи одговор на следниве прашања:
-
Како сме настанале?
-
Која е смислата на животот?
-
Што се случува кога некој ќе умре?
-
Зошто животот е толку краток?
Милиони луѓе низ целиот свет си го подобриле животот откако испитале што вели Библијата за овие и други прашања.
ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ: Дознај самиот што вели Библијата. Замоли некој од Јеховините сведоци да ти помогне да ја разбереш. Разгледај ја нашата интернет-страница, jw.org, или појди на нашите состаноци кои се отворени за јавност. Влезот е слободен.
ДРУГИ БИБЛИСКИ НАЧЕЛА
БИДИ СВЕСЕН ЗА СВОИТЕ ДУХОВНИ ПОТРЕБИ.
„Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби“ (МАТЕЈ 5:3).
ДОЗНАЈ НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА БОГОТ ЗА КОЈ ЗБОРУВА БИБЛИЈАТА.
„Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам!“ (ЈАКОВ 4:8).
ЧИТАЈ ЈА БИБЛИЈАТА И РАЗМИСЛУВАЈ ЗА НЕЈЗИНАТА ПОРАКА.
„Среќен е човекот што... ужива во законот на Јехова a и длабоко размислува за неговиот закон дење и ноќе... Во сѐ што прави, ќе биде успешен“ (ПСАЛМ 1:1-3, фуснота).
a Јехова е името на Бог кое го дознаваме од Библијата.