Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Способноста на сипата да ја менува бојата

Способноста на сипата да ја менува бојата

СИПАТА може да ја менува својата боја и да се камуфлира, станувајќи скоро невидлива за човечкото око. Според еден извештај, сипите „се познати по тоа што имаат способност да ги менуваат боите на своето тело во најразлични комбинации, и тоа за миг“. Како им успева тоа?

Размисли: Сипата ја менува бојата со помош на хроматофорите, посебен вид клетки под нејзината кожа. Хроматофорите содржат ќеси полни со пигмент во боја, опкружени со мали мускули. Кога сипата треба да се камуфлира, мозокот испраќа сигнал до мускулите, кои се стегаат. Ќесите со пигмент се издолжуваат, и сипата добива друга боја и шара. Сипата ја користи оваа вештина не само за да се камуфлира туку и за да привлече партнери, а можеби и за комуникација.

Инженерите при Универзитетот во Бристол (Англија) направиле вештачка кожа по примерот на кожата на сипата. Тие вметнале кружни плочи од црна гума меѓу малечки направи со слична функција како мускулите на сипата. Кога пренеле струја до кожата, направите се сплеснале и црните плочи се издолжиле, при што бојата на вештачката кожа потемнела и се сменила.

Истражувањата на мускулите на сипата — или, како што ги нарекол инженерот Џонатан Роситер, „меките структури што природата толку добро ги направила“ — би можеле да помогнат во производството на облека која ќе може да ја промени бојата за дел од секундата. Роситер вели дека луѓето би можеле да носат облека инспирирана од сипата за да се камуфлираат или едноставно како моден тренд.

Што мислиш? Дали способноста на сипата да ја менува бојата настанала по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?