ЗЕМЈИ И НАРОДИ
Во посета на Лихтенштајн
ОВАА земја е една од најмалите во светот и е сместена на Алпите, помеѓу Швајцарија и Австрија. Низ вековите, на нејзиното подрачје живееле Келтите, Раетанците, Римјаните и Алеманите. Денес, околу две третини од населението на Лихтенштајн се потомци на племето Алемани, кое живеело во оваа област пред околу 1.500 години.
Официјален јазик во Лихтенштајн е германскиот, а во селата се зборуваат повеќе дијалекти. Две познати национални јадења се Турка-ребел, специјалитет направен од пченка, и Ескнупфле, тестенини со сирење.
Додека патуваат низ земјата, посетителите можат да уживаат во прекрасната глетка кон снежните планини, зелените долини, лозјата и богатата вегетација. Само како за пример, во оваа алпска микродржава можат да се најдат речиси 50 видови диви орхидеи. Во Лихтенштајн има и музеи, театри и винарски визби. Затоа, таму доаѓаат туристи и во лето и во зима.
пораката од Библијата на домашното население и на посетителите.
Јеховините сведоци во Лихтенштајн се активни од 1920-тите години. Моментално, во земјата има околу 90 Јеховини сведоци кои им ја пренесуваат