Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Семеен квиз

Семеен квиз

Семеен квиз

Дали тоа било добра одлука?

Прочитај 4. Мојсеева 13:1, 2, 25-33; 14:3, 6-12, а потоа разгледај ја сликата и запиши ги одговорите на празните линии.

1. Зошто повеќето извидувачи решиле да дадат неповолен извештај?

․․․․․

2. Што се случило поради негативните зборови на десетте извидувачи?

МАЛА ПОМОШ: Прочитај 4. Мојсеева 14:26-38.

․․․․․

3. Зошто Исус Навин и Халев биле толку сигурни дека Израелците ќе победат?

․․․․․

ЗА РАЗГОВОР:

Кога твоето семејство доживува проблеми, што ќе ти помогне да бидеш како Исус Навин и Халев, а не како десетте извидувачи?

ШТО ЗНАЕШ ЗА АПОСТОЛ ПЕТАР?

4. Кои пет имиња ги има Петар според Библијата?

МАЛА ПОМОШ: Прочитај Матеј 10:2; 16:16; Јован 1:42; Дела 15:14.

․․․․․

5. Дали Петар некогаш бил оженет?

МАЛА ПОМОШ: Прочитај 1. Коринќаните 9:5.

․․․․․

ЗА РАЗГОВОР:

Раскажи некоја случка со Петар што тебе ти е омилена. Кои особини на Петар би сакал да ги покажуваш и што ќе ти помогне да ги развиеш?

ДЕЦА, НАЈДЕТЕ ГИ СЛИКИТЕ!

Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.

ОД ОВОЈ БРОЈ

Одговори на прашањата и дополни ги библиските стихови.

СТРАНИЦА 7 Што треба да им кажуваме на нашите ближни? (Ефешаните 4:․․․)

СТРАНИЦА 8 Како ќе влијае вистината врз тебе? (Јован 8:․․․)

СТРАНИЦА 11 Што ќе се случи со последниот непријател? (1. Коринќаните 15:․․․)

СТРАНИЦА 24 Од што треба да бегаш? (1. Коринќаните 6:․․․)

● Одговорите се на 13. страница

ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 31. СТРАНИЦА

1. Се уплашиле и немале вера во Јехова (4. Мојсеева 14:3, 11).

2. Сите мажи од 20 години нагоре, освен Исус Навин и Халев, умреле во пустината.

3. Имале вера дека Јехова е со нив (4. Мојсеева 14:9).

4. Симон, Петар, комбинацијата Симон Петар, Кифа и Симеон.

5. Да.