Како да ја оставам оваа навика?
Младите прашуваат...
Како да ја оставам оваа навика?
„Почнав да мастурбирам кога имав осум години. Подоцна дознав што мисли Бог за тоа. Се чувствував ужасно секојпат кога ќе попуштев на желбата да го правам тоа. Се прашував: ‚Како може Бог да сака некого како мене?‘ Бев сигурен дека нема да живеам во Божјиот нов свет“ (Оливер). a
МОЖЕБИ и ти, како Оливер, си роб на навиката да мастурбираш. Знаеш дека Јехова ќе се радува ако се спротивставиш на желбата и ако покажеш самосовладување, кое е плод на Божјиот свет дух (Галатите 5:22, 23; 2. Петрово 1:5 6). Но, понекогаш попушташ. Секојпат откако ќе ти се случи тоа, мислиш дека си изгубен случај, дека не си способен да живееш во склад со Божјите праведни мерила.
Младиот Петар го мислел токму ова за себе. „Кога ќе ја повторев грешката, се чувствував ужасно“, вели тој. „Мислев дека ништо не може да ме искупи за тоа што го правев. Ми беше тешко да се молам. Ќе почнев велејќи: ‚Јехова, не знам дали ќе ја чуеш оваа молитва, но...‘“ И младиот Андреј размислувал слично. „Се чувствував како голем лицемер“, вели тој. „Морав да се натерам да станам од креветот наутро и да го почнам денот. Ми беше тешко да седам на христијанските состаноци или да одам во служба.“
Ако и ти се чувствуваш слично како Оливер, Петар и Андреј, биди храбар. Не си единствениот со таков проблем и не си безнадежен случај! Многу млади луѓе — а и постари — се бореле со навиката да мастурбираат и успеале да ја остават. Можеш и ти. b
Борба со чувството на вина
Како што веќе беше кажано, оние што имаат навика да мастурбираат честопати ги мачи чувство на вина. Без сомнение, ако си 2. Коринќаните 7:11). Но, претераното чувство на вина може да има спротивен ефект. Може толку да те обесхрабри што едноставно ќе сакаш да престанеш да се бориш (Изреки 24:10).
‚разжалостен во склад со Божјата волја‘, тоа може да ти даде мотив да ја оставиш таа навика (Затоа, труди се исправно да гледаш на работите. Мастурбирањето е облик на нечистота. Може да те направи ‚роб на разни желби и уживања‘, и може да развие кај тебе ставови што ќе ти го расипат умот (Тит 3:3). Сепак, мастурбирањето не е облик на тежок сексуален неморал, како што е блудот (Ефешаните 4:19). Затоа, ако имаш проблем со мастурбирање, не треба да заклучиш дека си направил непростлив грев. Клучот е во тоа да се спротивставиш на желбата и никогаш да не престанеш да се бориш!
Понекогаш многу лесно може да се разочараш откако ќе попуштиш на желбата и ќе мастурбираш. Кога ќе се случи тоа, сети се на зборовите од Изреки 24:16: „Ако праведникот падне и седум пати, пак ќе стане, а злиот ќе пропадне во неволјата“. Привремен неуспех не значи дека си лоша личност. Затоа, не се предавај. Анализирај се за да видиш што те навело на истата грешка и труди се да не ја повториш.
Наместо постојано да се прекоруваш за проблемот што го имаш, одвој време да размислуваш за љубовта и милоста на Бог. Псалмистот Давид, кој и самиот имал свои слабости, рекол: „Како што е таткото милосрден кон своите синови така Јехова е милосрден кон оние што се бојат од него. Зашто, тој добро ја познава нашата градба, си спомнува дека сме прав“ (Псалм 103:13, 14). Да, Јехова го зема во обѕир фактот дека сме несовршени и е ‚спремен да прости‘ кога ќе згрешиме (Псалм 86:5). Од друга страна, сака да дадеме сѐ од себе за да се поправиме.
Кои практични чекори можеш да ги направиш за да престанеш со мастурбирањето и да не почнеш пак со таа навика?
Доверувањето е од голема помош
И покрај тоа што во многу земји на сексот му се дава голем публицитет, на многу луѓе сѐ уште им е тешко сериозно, со достоинство да зборуваат за сексот. Можеби ти е срам, па затоа ти е тешко да зборуваш за тоа дури и со некого во кого имаш доверба. Еден христијанин, кој неколку години се борел со мастурбирањето, рекол: „Камо уште како
млад да соберев храброст да зборувам со некого! Чувството на вина ме измачуваше со години и сериозно ми го наруши односот со другите, а пред сѐ со Јехова“.Со кого да зборуваш? Најдобро би било да зборуваш со некој што е духовно зрел, можеби со еден од родителите. Би можел да почнеш: „Може ли да зборувам со тебе за еден проблем што многу ме мачи?“
Марио решил да зборува со својот татко, кој бил многу сочувствителен и покажал големо разбирање. Дури му признал на Марио дека и самиот, како млад, се борел со истата навика. „Искреноста и отвореноста на татко ми многу ме охрабрија“, вели Марио. „Си мислев, штом тој ја оставил таа навика, ќе успеам да ја оставам и јас. Толку ме трогна ставот на татко ми што заплакав.“
Андреј собрал храброст и зборувал со еден христијански старешина, и сега е многу среќен што го сторил тоа. c „Додека старешината ме слушаше, очите му се наполнија со солзи“, вели Андреј. „Кога завршив, ме увери дека Јехова ме сака. Ми рече дека мојот проблем е вообичаен. Ми вети дека ќе се интересира како напредувам и дека ќе ми најде повеќе информации од библиските публикации. Откако зборував со него, решив да продолжам да се борам — дури и ако понекогаш ми се случи пак да ја повторам грешката.“
Како Марио и Андреј, и ти можеш да најдеш помош за да ја оставиш навиката да мастурбираш. Послушај ги советите што се дадени во придружната рамка „Тргни во напад!“ Да, биди сигурен дека можеш да победиш!
Повеќе статии од рубриката „Младите прашуваат...“ можеш да најдеш на Веб-страницата www.watchtower.org/ype
[Фусноти]
a Имињата во оваа статија се сменети.
b Иако лицата што се цитирани во оваа статија се машки, и многу девојки имаат проблем со мастурбирањето. Затоа, советите што се дадени се однесуваат на двата пола. Забележи дека во оваа статија се зборува за мастурбирање на самиот себе. Ако тоа се прави надвор од бракот со некое друго лице, тогаш се работи за блуд, како што Библијата го нарекува тоа, што е многу сериозен грев во очите на Бог. (Види ја статијата „Младите прашуваат... Што има лошо во предбрачниот секс?“ во Разбудете се! од 8 ноември 2004, страници 27-29.)
c Една девојка може да зборува со својата мајка или со некоја зрела духовна сестра во собранието.
ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ
◼ Зошто е важно да се има на ум дека Јехова е ‚спремен да прости‘? (Псалм 86:5).
◼ Кои чекори ќе ги преземеш за да престанеш да мастурбираш?
◼ Зошто не треба да ти е срам да побараш помош?
◼ Што ќе ти помогне најмногу да размислуваш за работи што се чесни?
[Рамка/слика на страница 19]
Повторно да згрешиш не значи неуспех!
Многу е лесно да мислиш: ‚Пак згрешив. Можеби треба да се откажам‘. Бори се против таквите мисли. Не дозволувај привремената грешка, или дури и неколку грешки, да те совладаат.
Размисли за оваа споредба: Ако се качуваш по скали и се лизнеш и се вратиш една или две скали назад, дали ќе мислиш: ‚Ќе се вратам на најдолната скала и пак ќе почнам од почеток‘? Нормално дека не! Тогаш, зошто да размислуваш така кога се работи за твојата борба против лошите навики?
По некоја грешка, честопати се јавува чувство на вина. Може да отидеш во крајност и да заклучиш дека не те бидува за ништо, дека си слаб карактер и дека не заслужуваш ништо добро. Не дозволувај да претераш со чувството на вина. Тоа ќе ти ја одземе силата што ти е потребна за да продолжиш со битката. Задржи го на ум и следново: Најголемиот човек што некогаш живеел на Земјата, Исус Христос, дошол да ги откупи грешниците, а не совршени луѓе. Затоа, во ова време, никој од нас не ги прави работите совршено (Од хрватското издание на Разбудете се! од 8 јули 1991, страница 15).
[Рамка/слика на страница 20]
Тргни во напад!
◼ Натерај се да размислуваш за други работи (Филипјаните 4:8).
◼ Немој да гледаш работи што ќе разбудат кај тебе неисправни желби (Псалм 119:37).
◼ Моли се за „сила, која ја надминува нормалната“ (2. Коринќаните 4:7).
◼ Биди зафатен со духовни активности (1. Коринќаните 15:58).
[Рамка/слика на страница 20]
Дополнителна помош
Повеќе информации за тоа како да се остави навиката на мастурбирање има во книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, поглавја 25 и 26, издадена од Јеховините сведоци.