Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПРЕДЛОГ ЗА ОВОЈ МЕСЕЦ

Проучувај со отворен ум

Проучувај со отворен ум

Додека се подготвуваме да проучуваме, би можеле да се прашаме: „Што очекувам да научам?“ Но, треба да внимаваме да не дозволиме нашите очекувања да нѐ заслепат и да не видиме што сака Јехова да нѐ поучи. Што ќе ни помогне да проучуваме со отворен ум?

Моли се за мудрост. Моли го Јехова да ти помогне да сфатиш што сака да научиш сега (Јак. 1:5). Не се задоволувај само со она што веќе го знаеш (Изр. 3:5, 6).

Дозволи Библијата да влијае врз тебе. „Речта Божја е жива“ (Евр. 4:12). Секогаш кога ја читаме Библијата, таа може да влијае врз нас на различен начин. Но тоа ќе се случи само ако сме спремни да научиме нешто од она што го читаме.

Биди благодарен за сѐ што има на Јеховината трпеза. Духовната храна што ни ја дава Јехова е како „гозба од избрани јадења“ (Иса. 25:6). Немој да ги прескокнуваш „јадењата“ за кои мислиш дека нема да ти се допаднат. Така ќе му дозволиш на Бог да ти помогне да станеш подобра личност и ќе уживаш во проучувањето!