Што е исправно, а што погрешно: Избор што мора да го направиш
Моралните мерила според кои избираме да живееме во голема мера ќе влијаат врз тоа дали ќе бидеме среќни. Јехова Бог го знае тоа. Токму затоа, тој сака да живееме според неговите мерила.
Јехова сака да водиме мирен и среќен живот.
„Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро, кој те води по патот по кој треба да одиш. О, да внимаваше на моите заповеди! Твојот мир ќе беше како река и твојата праведност како морски бранови“ (Исаија 48:17, 18).
Како наш Творец, Бог знае кој е најдобриот начин на живот. Тој сака да го следиме неговото водство бидејќи тоа е за наше добро. Ако ги држиме Божјите заповеди, нема да биде потребно да се прашуваме дали нашите одлуки ќе дадат добри резултати. Секогаш ќе ги носиме исправните одлуки — одлуки што ќе нѐ водат до мир и среќа.
Јехова не бара од нас да правиме нешто што не можеме.
„Оваа заповед што ти ја давам денес не е претешка за тебе и не е предалеку од тебе“ (5. Мојсеева 30:11).
За да живееме според Божјите морални мерила, можеби ќе биде потребно да правиме 1. Јованово 5:3).
промени во размислувањето и постапувањето. Сепак, Јехова не бара премногу од нас. На крајот на краиштата, како наш Творец, тој знае колкави се нашите способности. И, кога подобро ќе го запознаеме Јехова, ќе видиме дека „неговите заповеди не се тешки“ (Јехова ветува дека ќе им помага на оние што ќе изберат да живеат според неговите мерила.
„Јас, Јехова, твојот Бог, те држам за десницата и ти велам: ’Не плаши се! Јас ќе ти помогнам‘“ (Исаија 41:13).
Ние можеме да живееме според моралните мерила на Бог бидејќи тој ќе ни помага. Тој може да ни помогне преку неговата Реч, Библијата, од која може да црпиме охрабрување и надеж.
Милиони луѓе низ целиот свет сфатиле дека, поради тоа што живеат според библиските мерила, нивниот живот е подобар. Зошто да не дознаеш нешто повеќе за добрите совети кои се запишани во Библијата? За почеток, во тоа може да ти помогне брошурата Радувај му се на животот засекогаш која се темели на Библијата и е достапна бесплатно на jw.org. Таа ги содржи следниве лекции:
-
Како може да ти помогне Библијата?
-
Библијата дава надеж
-
Дали можеш да имаш доверба во Библијата?
Додека ја истражуваш Божјата Реч, Библијата, ќе откриеш дека не е застарена; таа е втемелена „засекогаш, за сите векови“ (Псалм 111:8). Да се живее според моралните принципи запишани во Библијата е најдобриот начин на живот. Сепак, Бог нема да нѐ присили да го правиме тоа (5. Мојсеева 30:19, 20; Исус Навин 24:15). Тоа е избор што секој од нас мора сам да го направи!