БИДЕТЕ БУДНИ!
Постои ли една стабилна влада која може да владее со нашата планета? — што вели Библијата?
Низ целиот свет владите се соочуваат со разни превирања. Дури и во навидум стабилни земји, владите ги тресат скандали, тесни изборни победи, политички поделби и граѓански немири.
Но, Библијата кажува дека постои една влада која е стабилна. Веројатно веќе си чул за оваа влада. Исус Христос ја спомнал кога ги поучил своите ученици како да се молат.
„Значи, молете се вака: ’Татко наш, кој си на небесата, да се свети името твое. Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата‘“ (Матеј 6:9, 10).
Што вели Библијата во врска со ова Царство?
Царството е стабилна влада
Царството владее од небото.
Исус ја нарекол таа влада „небесното царство“ (Матеј 4:17; 5:3, 10, 19, 20). И затоа рекол: „Моето царство не е дел од овој свет“ (Јован 18:36).
Царството ќе ги замени човечките влади.
Во Библијата пишува: „Тоа царство... ќе ги уништи сите други [човечки] царства, а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44).
Царството, чиј цар е Исус Христос, никогаш нема да биде уништено.
Библијата вели: „Неговата власт е вечна власт, која никогаш нема да помине, и неговото царство нема да пропадне“ (Даниел 7:13, 14).
Царството ќе донесе мир и безбедност на целата земја.
Библијата вели: „Секој ќе седи мирно под виновата лоза, и под својата смоква, и никој не ќе го плаши“ (Михеј 4:4, Превод на д-р Д. Х. Константинов).
Дознај повеќе за Царството
Кога бил на Земјата, Исус го поминал поголемиот дел од своето време „проповедајќи ја добрата вест за царството“ (Матеј 9:35). Тој уште прорекол:
„Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).
Денес, добрата вест за царството се проповеда во преку 240 земји. Дознај нешто повеќе за оваа влада и што ќе значи нејзиното владеење за тебе.
Гледај го видеоклипот Што е Божјето Царство?