Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 4

„Јехова е мојот Пастир“

„Јехова е мојот Пастир“

(Псалм 23)

  1. 1. Јехова Бог ми е Пастир,

    го следам јас секаде.

    Тој знае што ми е потребно,

    и добар е кон мене.

    На мирни места ме води

    со зелени пасишта,

    кај што можам мирно да одморам

    под негова заштита.

    Да можам мирно да одморам

    под негова заштита.

  2. 2. За мое добро ме водиш

    по патот на правдата.

    Те молам, не дозволувај ми

    од него да застранам.

    Низ мрачни долини одам

    покрај тебе бестрашно.

    Ти си мојот Бог, мојот Пријател,

    ме чуваш постојано.

    Ти Бог си ми и мој Пријател,

    ме чуваш постојано.

  3. 3. Јехова, ти си мој Пастир,

    те следам јас секаде.

    Ме јакнеш и ме освежуваш,

    и добар си кон мене.

    Во тебе, вечен мој Боже,

    ја полагам надежта.

    Ќе ме следи твојата добрина

    во животот секогаш.

    Ме следи твојата добрина

    во животот секогаш.

(Види и Пс. 28:9; 80:1.)