ПЕСНА 100
Да бидеме гостољубиви!
-
1. Бог покажал кон нас гостољубивост.
Кон сите грижлив е и без пристрасност.
Ни дава сончев сјај
и дожд во секој крај,
и храна што задоволство е.
И ние, кога даваме од срце,
на својот Татко небесен слични сме.
Штом некој од нас дал
за другите, од жал,
за возврат тој кон нас добар е.
-
2. За оние што вистински в мака се
со малку може многу да дадеме.
И непознат да е,
наш ближен секој е,
па спремни да помогнеме сме.
Ко Лидија пред стотици години,
од сето срце сме гостољубиви.
Јехова смета сѐ
ко за него да е
штом искрено направено е.