ПЕТНАЕСЕТТО ПОГЛАВЈЕ
Религија што ја одобрува Бог
-
Дали Бог ги прифаќа сите религии?
-
Како можеме да ја препознаеме вистинската религија?
-
Кој го обожава Бог на исправен начин денес?
1. Зошто е добро да го обожаваме Бог на исправен начин?
ЈЕХОВА БОГ многу се грижи за нашето добро и затоа сака да го следиме водството што ни го дава. Ако го обожаваме на исправен начин, ќе бидеме среќни и ќе избегнеме многу проблеми во животот. Исто така, тој ќе нѐ благослови и ќе ни помага (Исаија 48:17). Меѓутоа, постојат стотици религии што тврдат дека ги поучуваат луѓето за вистината за Бог. Па сепак, тие многу се разликуваат по нивните учења за тоа кој е Бог и што очекува тој од нас.
2. Како можеме да дознаеме кој е исправниот начин да го обожаваме Јехова, и кој пример ни помага да го разбереме тоа?
2 Од каде можеш да знаеш како да го обожаваш Јехова на исправен начин? Не мора да ги проучуваш и да ги споредуваш учењата на сите религии. Треба само да дознаеш што навистина учи Библијата во врска со вистинската религија. Да наведеме еден пример: Фалсификувањето пари е проблем во многу земји. Ако твојата работа е да ги откриваш лажните пари, што ќе ти помогне во тоа? Дали ќе треба да запомниш како изгледа секоја фалсификувана банкнота? Не. Многу подобро ќе биде да ги проучиш вистинските пари, зашто кога
ќе знаеш како изгледаат вистинските, ќе можеш да ги препознаеш и лажните. Слично на тоа, кога ќе научиме како да ја препознаеме вистинската религија, ќе можеме да ги препознаеме и лажните религии.3. Според Исус, што мораме да правиме ако сакаме да бидеме прифатени од Бог?
3 Важно е да го обожаваме Јехова на начин што тој го одобрува. Многу луѓе веруваат дека Бог ги прифаќа сите религии, но Библијата не го вели тоа. Не е доволно ни некој само да тврди дека е христијанин. Исус рекол: „Не секој што ми вели: ,Господару, Господару‘, ќе влезе во небесното царство, туку оној што ја врши волјата на мојот Татко, кој е на небесата“. Значи, за да бидеме прифатени од Бог, мораме да дознаеме што бара тој од нас, и потоа да го правиме тоа. За оние што не ја извршуваат Божјата волја Исус рекол дека се беззаконици (Матеј 7:21-23). Исто како фалсификуваните пари, лажната религија нема никаква вредност. Што е уште полошо, таа е штетна.
4. Што значат Исусовите зборови во врска со двата пата, и каде води секој од нив?
4 Јехова им дава прилика на сите луѓе на Земјата да добијат вечен живот. Меѓутоа, за да живееме вечно во рај, мораме да го обожаваме Бог на исправен начин и уште денес да живееме онака како што му е прифатливо нему. За жал, многу луѓе не сакаат да го прават тоа. Затоа, Исус рекол: „Влезете низ тесната врата. Зашто, широк и простран е патот што води во пропаст, и мнозина одат по него. А тесна е вратата и тесен е патот што води во живот, и малцина го наоѓаат“ (Матеј 7:13, 14). Вистинската религија води во вечен живот. Лажната религија води во уништување. Јехова не сака ниеден човек да биде уништен, и затоа им дава на сите луѓе прилика да го запознаат (2. Петрово 3:9). Според тоа, начинот на кој го обожаваме Бог, за нас ќе значи или живот или смрт.
КАКО ДА СЕ ПРЕПОЗНАЕ ВИСТИНСКАТА РЕЛИГИЈА
5. Како можеме да ги препознаеме припадниците на вистинската религија?
5 Како може да се најде „патот што води во живот“? Исус рекол дека вистинската религија ќе може да се препознае по тоа како живеат нејзините припадници. „По нивните плодови ќе ги препознаете“, рекол тој. „Секое добро дрво дава добар плод“ (Матеј 7:16, 17). Со други зборови, оние што припаѓаат на вистинската религија ќе се препознаат по нивните верувања и по нивните дела. Иако не се совршени и грешат, слугите на вистинскиот Бог, гледано во целина, настојуваат да ја вршат Божјата волја. Да разгледаме шест обележја по кои можат да се препознаат припадниците на вистинската религија.
6, 7. Како гледаат Божјите слуги на Библијата, и каков добар пример дал Исус во тој поглед?
6 Божјите слуги ги темелат своите учења на Библијата. Самата Библија вели: „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно за поучување, за укорување, за поправање, за воспитување во праведноста, за да биде Божјиот човек вистински способен и потполно опремен за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17). Апостол Павле им напишал на сохристијаните: „Божјата реч, која ја примивте откако ја чувте од нас, не ја прифативте како реч човечка, туку како реч Божја, каква што таа навистина е“ (1. Солуњаните 2:13). Значи, верувањата и обичаите на вистинската религија не се темелат на човечки гледишта или традиции, туку на Божјата вдахновена Реч, Библијата.
7 Исус Христос дал исправен пример со тоа што ги темелел своите учења на Божјата Реч. Кога во една прилика му се молел на својот небесен Татко, тој рекол: „Твојата реч е вистина“ (Јован 17:17). Исус верувал во Божјата Реч, и сѐ што поучувал било во склад со Писмото. Тој честопати велел: „Напишано е“, а потоа цитирал некој стих (Матеј 4:4, 7, 10). Исто како Исус, Божјите слуги денес не ги поучуваат другите за свои лични идеи. Тие веруваат дека Библијата е Божја Реч и своите учења ги темелат само на она што го вели таа.
8. Што е вклучено во обожавањето на Јехова?
8 Припадниците на вистинската религија го обожаваат само Јехова и го објавуваат неговото име. Исус рекол: „Јехова, својот Бог, обожавај го и само нему служи му“ (Матеј 4:10). Значи, Божјите слуги го обожаваат само Јехова. Тоа вклучува да им кажуваат на луѓето како гласи името на вистинскиот Бог и каква личност е тој. Во Псалм 83:18 стои: „Единствено ти, чие име е Јехова, си Севишен над целата земја!“ Исус дал пример како да им се помага на другите да го запознаат Бог, и во молитва рекол: „Им го објавив твоето име на луѓето што ми ги даде од светот“ (Јован 17:6). Исто како Исус, и слугите на вистинскиот Бог денес ги поучуваат другите за Божјето име, за неговите намери и за неговите особини.
9, 10. На кои начини вистинските христијани покажуваат љубов еден кон друг?
9 Божјите слуги покажуваат вистинска и несебична љубов еден кон друг. Исус рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35). Првите христијани навистина се сакале еден со друг. Љубовта на која нѐ поттикнува Бог ги надминува расните, социјалните и националните бариери и ги обединува луѓето со една нераскинлива врска на вистинско братство. (Прочитај Колошаните 3:14.) Припадниците на лажните религии не се обединети во такво братство во кое владее љубов. Од каде го знаеме тоа? Тие се убиваат едни со други затоа што се од различна националност или етничка група. Вистинските христијани не земаат оружје за да ги убиваат своите христијански браќа или кој и да е друг. Библијата вели: „Децата Божји и децата на Ѓаволот се познаваат по ова: секој што не оди во праведност, не потекнува од Бог, а така и оној што не го сака својот брат . . . Да се сакаме еден со друг. Да не бидеме како Каин, кој потекнуваше од Злобниот и го уби својот брат“ (1. Јованово 3:10-12; 4:20, 21).
10 Се разбира, вистинската љубов не значи само да не се убиваат луѓе. Вистинските христијани несебично го користат своето време, сили и средства за да си помагаат и да се храбрат (Евреите 10:24, 25). Си помагаат во време на неволја и постапуваат чесно со сите луѓе. Всушност, тие живеат во склад со библискиот совет ,да им прават добро на сите‘ (Галатите 6:10).
11. Зошто е важно да го прифатиме Исус Христос како оној преку кого Бог овозможува спасение?
11 Вистинските христијани го прифаќаат Исус Христос како оној преку кого Бог овозможува спасение. Библијата вели: „Во никој друг нема спасение, зашто нема друго име под небото дадено на луѓето преку кое можеме да се спасиме“ (Дела 4:12). Како што видовме во петтото поглавје, Исус го дал својот живот како откупнина за послушните луѓе (Матеј 20:28). Освен тоа, Бог го поставил него за Цар на небесното Царство кое ќе владее над целата Земја. Бог бара да го слушаме Исус и да ги применуваме неговите учења ако сакаме да живееме вечно. Затоа Библијата вели: „Кој верува во Синот, има вечен живот. Кој не му е послушен на Синот, нема да види живот“ (Јован 3:36).
12. Што значи тоа да не се биде дел од светот?
12 Слугите на вистинскиот Бог не се дел од светот. Кога бил на суд пред римскиот управител Пилат, Исус рекол: „Моето царство не е дел од овој свет“ (Јован 18:36). Без разлика во која земја живеат, вистинските следбеници на Исус се поданици на неговото небесно Царство и затоа остануваат потполно неутрални во политичките збиднувања во овој свет. Тие не застануваат на ниедна страна. Меѓутоа, Јеховините слуги не им се мешаат на другите луѓе ако тие одлучат да се зачленат во некоја политичка партија, да се кандидираат на избори или да гласаат. Сепак, иако слугите на вистинскиот Бог се политички неутрални, тие го почитуваат законот. Зошто? Затоа што Божјата Реч им заповеда ,да им бидат подложни на властите што се над нив‘ (Римјаните 13:1). Но, кога човечките власти бараат од нив нешто што не е во склад со она што го бара Бог, Божјите слуги го следат примерот на апостолите, кои рекле: „Мораме да му се покоруваме на Бог, а не на луѓето“ (Дела 5:29; Марко 12:17).
13. Како гледаат на Божјето Царство вистинските следбеници на Исус, и затоа што прават?
13 Вистинските следбеници на Исус проповедаат дека Божјето Царство е единствената надеж за човештвото. Матеј 24:14). Наместо да ги поттикнуваат луѓето да чекаат човечките владетели да им ги решат проблемите, вистинските следбеници на Исус Христос го објавуваат Божјето небесно Царство како единствена надеж за човештвото (Псалм 146:3). Исус нѐ поучил да се молиме за таа совршена влада кога рекол: „Да дојде царството твое. Да биде волјата твоја, како на небото така и на земјата“ (Матеј 6:10). Во Божјата Реч било проречено дека ова небесно Царство „ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства [што постојат денес], а самото ќе стои довека“ (Даниел 2:44; Откровение 16:14; 19:19-21).
Исус прорекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“ (14. Што мислиш, во која религија Бог се обожава на исправен начин?
14 Врз основа на она што го разгледавме досега, прашај се: ,Која религија ги темели сите свои учења на Библијата и го објавува Јеховиното име? Во која религија владее љубовта на која нѐ учи Бог? Која религија верува во Исус, не е дел од светот и објавува дека Божјето Царство е единствената вистинска надеж за човештвото? Од сите религии во светот, која ги исполнува сите овие барања?‘ Фактите јасно посочуваат на Јеховините сведоци. (Прочитај Исаија 43:10-12.)
ШТО ЌЕ НАПРАВИШ ТИ?
15. Што друго бара Бог освен да веруваме дека тој постои?
15 За да му угодиме на Бог, не е доволно само да веруваме дека тој постои. Библијата вели дека дури и демоните веруваат дека постои Бог (Јаков 2:19). Но, јасно е дека тие не ја вршат Божјата волја и дека тој не ги прифаќа. За да нѐ прифати Бог, мораме да ја вршиме неговата волја, а не само да веруваме дека тој постои. Исто така, мораме да ги прекинеме врските со лажната религија и да почнеме да го обожаваме Бог на исправен начин.
16. Што треба да направи некој ако е поврзан со некоја лажна религија?
2. Коринќаните 6:17; Исаија 52:11). Затоа, вистинските христијани избегнуваат сѐ што е поврзано со лажната религија.
16 Апостол Павле покажал дека не смееме да имаме никаква врска со лажната религија. Тој напишал: „,Излезете од нивната средина и одвојте се‘, вели Јехова, ,и повеќе не допирајте ништо што е нечисто‘, ,и јас ќе ве примам‘“ (17, 18. Што е „Големиот Вавилон“, и зошто треба итно да ,излезеш од него‘?
17 Библијата покажува дека сите лажни религии се дел од „Големиот Вавилон“ * (Откровение 17:5). Ова име нѐ потсетува на древниот град Вавилон, каде што за првпат се појавила лажната религија после Потопот во времето на Ное. Многу учења и обичаи што денес постојат во лажната религија потекнуваат од древниот Вавилон. На пример, Вавилонците обожавале тројства, односно тријади од богови. Денес тројството е главно учење на многу религии. Но, Библијата јасно покажува дека има само еден вистински Бог, Јехова, и дека Исус Христос е негов Син (Јован 17:3). Вавилонците исто така верувале дека луѓето имаат бесмртна душа што продолжува да живее откако ќе умре телото и дека таа може да страда во некое место на маки. Денес, во повеќето религии постои верување дека душата или духот се бесмртни и дека можат да бидат мачени во пеколен оган.
18 Бидејќи верувањата од древниот Вавилон се рашириле низ целиот свет, денешниот Голем Вавилон може со право да се нарече светско царство на лажната религија. Бог прорекол дека на ова царство на лажната религија ненадејно ќе му дојде крајот. Дали сега сфаќаш зошто е многу важно да се одвоиш од секој дел на Големиот Вавилон? Јехова Бог сака ,да излезеш од него‘ што побрзо, Откровение 18:4, 8.)
додека сѐ уште има време. (Прочитај19. Што ќе добиеш ако му служиш на Јехова?
19 Откако ќе решиш да расчистиш со лажната религија, можеби некои ќе престанат да се дружат со тебе. Меѓутоа, ако му служиш на Јехова заедно со неговиот народ, ќе добиеш многу повеќе отколку што може да изгубиш. Исто како првите ученици на Исус, кои оставиле сѐ за да го следат, и ти ќе добиеш многу духовни браќа и сестри. Ќе станеш дел од едно големо меѓународно семејство, кое се состои од милиони вистински христијани што искрено те сакаат. Освен тоа, ќе ја имаш прекрасната надеж да живееш вечно „во поредокот што доаѓа“. (Прочитај Марко 10:28-30.) А можеби со текот на времето и оние што те напуштиле поради твоите верувања ќе се заинтересираат за Библијата и ќе почнат да му служат на Јехова.
20. Каква иднина ги очекува оние што припаѓаат на вистинската религија?
20 Библијата учи дека наскоро Бог ќе му стави крај на овој злобен свет и ќе го замени со еден праведен нов свет со кој ќе владее неговото Царство (2. Петрово 3:9, 13). Колку ќе биде прекрасен тој свет! Во него ќе постои само една религија, само еден исправен облик на обожавање на Бог. Зарем не е мудро веднаш да направиш сѐ што треба за да им се придружиш на оние што го обожаваат вистинскиот Бог?
^ пас. 17 За повеќе информации во врска со тоа од каде знаеме дека Големиот Вавилон го претставува светското царство на лажната религија, види го Додатокот под темата „Кој е ,Големиот Вавилон‘?“.