ЛЕКЦИЈА 53
Избирај забава што му се допаѓа на Јехова
Јехова е „среќниот Бог“ (1. Тимотеј 1:11). Тој сака и ние да бидеме среќни, да уживаме во животот и да си одвојуваме време за да се опуштиме и одмориме од секојдневните обврски. Во оваа лекција ќе видиме како може да го користиме слободното време на начин што ќе ни причинува задоволство и ќе го радува Јехова.
1. Што треба да имаме на ум кога избираме како ќе се забавуваме?
Што обично сакаш да правиш во слободно време? Некои повеќе сакаат да си останат дома и да се опуштат така што ќе читаат некоја книга, ќе слушаат музика, ќе гледаат филм или ќе пребаруваат на интернет. Други сакаат да прават нешто поактивно заедно со своите пријатели — да одат на планина, да пливаат или да играат некоја игра. Сеедно како сакаме да се забавуваме, треба да се увериме дека она што го правиме е „прифатливо за Господарот“ (Ефешаните 5:10). Многу е важно да го имаме на ум ова начело бидејќи голем дел од денешната забава е исполнета со работи што Јехова ги мрази, како што се насилство, неморал и окултизам. (Прочитај Псалм 11:5.) Што ќе ни помогне мудро да бираме како ќе се забавуваме?
Ако си бираме пријатели што го сакаат Јехова, тие ќе имаат позитивно влијание врз нас и врз нашиот избор на забава. Во една од претходните лекции видовме дека оној „кој оди со мудрите, ќе стане мудар“. Од друга страна, оној што се дружи со луѓе кои не живеат според Божјите мерила, „лошо ќе си помине“ (Изреки 13:20).
2. Зошто е важно да внимаваме колку време трошиме на забава?
Дури и кога избираме забава која не се коси со библиските начела, треба да внимаваме да не трошиме премногу време на неа. Инаку, можеби нема да ни остане доволно време за поважните работи. Библијата нѐ поттикнува: „Добро користете го времето што го имате“. (Прочитај Ефешаните 5:15, 16, фуснота.)
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш како можеш да носиш добри одлуки во врска со изборот на забава.
3. Чувај се од лоша забава
Зошто треба внимателно да избираме како ќе се забавуваме? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следниве прашања:
-
Во кој поглед некои од забавните содржини денес се слични на гладијаторските игри од минатото?
-
Што научи Дени во врска со забавата?
Прочитај Римјаните 12:9, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Како овој стих може да ти помогне при изборот на забава?
Кои се некои работи што Јехова ги мрази? Прочитај Изреки 6:16, 17 и Галатите 5:19-21. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:
-
Кои од работите спомнати во овие стихови се вообичаени за денешната забава?
Што ќе ти помогне мудро да избереш како ќе се забавуваш
Размисли за следново:
-
Содржина. Дали таа забава содржи нешто што Јехова го мрази?
-
Време. Дали ми краде време од поважните работи?
-
Друштво. Дали ќе бидам во близок или редовен контакт со луѓе што не го сакаат Јехова?
Дали би возел на самиот раб на некоја провалија? Исто како што не е мудро да се изложуваме на таква опасност, не е мудро ни да се изложуваме на забава за која не сме сигурни дали е добра за нас
4. Мудро користи го своето време
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:
-
Иако братот не гледаше ништо погрешно, како влијаеше врз него начинот на кој го користеше слободното време?
Прочитај Филипјаните 1:10, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Како овој стих може да ни помогне да одредиме колку време ќе трошиме на разонода?
5. Бирај добра забава
Иако некои видови забава не му се допаѓаат на Јехова, сепак има толку многу убави работи во кои може да уживаме. Прочитај Проповедник 8:15 и Филипјаните 4:8, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Што уживаш да правиш ти во слободното време?
НЕКОИ ВЕЛАТ: „Што има лошо во тоа ако понекогаш гледам нешто со насилство, неморал или окултизам? Тоа не значи дека јас ги правам тие работи“.
-
Што би рекол ти?
ШТО НАУЧИ:
Јехова сака да избираме добра забава во која ќе уживаме.
Како би одговорил?
-
Од каква забава христијаните треба да се чуваат?
-
Зошто треба да внимаваме колку време трошиме на разонода?
-
Зошто е важно да бираш забава која му се допаѓа на Јехова?
ИСТРАЖУВАЈ
Дознај кој има одговорност да одлучи како ќе се забавуваме.
„Дали Јеховините сведоци забрануваат одредени филмови, книги или песни?“ (Статија на интернет)
Прочитај што може да ти помогне да носиш добри одлуки во врска со изборот на разонода.
„Како да избереме добра разонода?“ (Стражарска кула од 15 октомври 2011)
Во животната приказна со наслов „Ги надминав дури и предрасудите“ прочитај зошто еден човек го променил начинот на кој се забавувал.
„Библијата менува животи“ (Стражарска кула од 1 февруари 2010)
Види како една мајка донела мудра одлука во врска со изборот на забава.