Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 38

Цени го животот

Цени го животот

Животот е прекрасен дар. Дури и кога се соочуваме со проблеми, има многу работи на кои може да им се радуваме. Како може да покажеме дека го цениме животот? Што првенствено треба да нѐ поттикне на тоа?

1. Зошто треба да го цениме животот?

Треба да го цениме животот бидејќи ни е дар од нашиот Татко, Јехова, кој многу нѐ сака. Бог е „изворот на животот“ — тој создал сѐ што е живо (Псалм 36:9). „Тој самиот им дава на сите живот и здив и сѐ“ (Дела 17:25, 28). Освен што ни дава сѐ што ни е неопходно за живот, Јехова ни овозможил и да уживаме во животот! (Прочитај Дела 14:17.)

2. Како можеме да му покажеме на Јехова дека го цениме животот?

Уште од моментот кога си бил зачнат, Јехова се грижи за тебе. Еден Божји слуга, по име Давид, во молитва му рекол на Јехова: „Твоите очи ме видоа додека бев зародок“ (Псалм 139:16). Твојот живот е скапоцен за Јехова. (Прочитај Матеј 10:29-31.) Тој чувствува голема болка кога некој намерно ќе одземе нечиј живот, а многу му е тешко и кога некој ќе си го одземе својот живот a (2. Мојсеева 20:13). Исто така, ќе го повредиме Јехова ако непотребно си го доведуваме животот во опасност или ако не водиме сметка за безбедноста на другите. Кога внимаваме на својот живот и го цениме животот на другите, покажуваме дека сме благодарни за овој скапоцен дар.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како можеш да покажеш дека го цениш животот.

3. Грижи се за своето здравје

Оние кои му го заветуваат својот живот на Јехова му ветуваат дека ќе го користат целиот свој живот за да му служат. Во симболична смисла, тие ги принесуваат своите тела како жртва за Бог, и затоа се грижат за своето здравје. Прочитај Римјаните 12:1, 2, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Според овие стихови, зошто треба да се грижиш за своето здравје?

  • Како би можел да го правиш тоа?

4. Внимавај на безбедноста

Библијата нѐ поттикнува да не се изложуваме на опасности. За да дознаеш како можеш да внимаваш на својата безбедност и на безбедноста на другите, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Прочитај Изреки 22:3, а потоа разговарајте за тоа како можеш да внимаваш на својата безбедност и на безбедноста на другите...

  • во својот дом.

  • на работното место.

  • кога спортуваш.

  • во возило — како возач или како патник.

5. Цени го животот на неродено дете

Со поетски зборови, Давид објаснил дека на Јехова му е важен животот на едно неродено бебе и дека Тој будно внимава додека тоа се развива во мајчината утроба. Прочитај Псалм 139:13-17, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Во Јеховини очи, дали нечиј живот започнува со зачнувањето или со раѓањето?

Законот што Јехова им го дал на Израелците во минатото ги штител бремените жени и нивните неродени деца. Прочитај 2. Мојсеева 21:22, 23, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Како гледал Јехова на некој што ненамерно ќе усмртел дете во мајчината утроба?

  • Како гледа Јехова на некој што намерно ќе стори такво нешто? b

  • Што мислиш ти за Божјето гледиште во врска со животот на едно неродено бебе?

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

Може да се случи дури и жена што го цени животот на едно неродено дете да мисли дека нема друго решение освен да абортира. Прочитај Исаија 41:10, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Ако некоја жена се најде под притисок да абортира, од кого треба да бара помош? Зошто?

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Секоја жена има право да одлучи дали да абортира или не — нејзино тело, нејзин избор“.

  • Што те уверува дека за Јехова е скапоцен животот не само на мајката туку и на нејзиното неродено бебе?

ШТО НАУЧИ:

Библијата нѐ поучува да го сакаме, цениме и чуваме животот — и нашиот и на другите луѓе.

Како би одговорил?

  • Зошто човечкиот живот е скапоцен за Јехова?

  • Како се чувствува Јехова кога некој намерно ќе одземе човечки живот?

  • Зошто го цениш животот?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Како може да му благодариме на Јехова што ни го дал животот?

Песна 141 — Животот — чудесен Божји дар (2:41)

Дали Бог ќе ѝ прости на некоја жена која направила абортус? Дознај што вели Библијата.

„Што пишува во Библијата за абортусот?“ (Статија на интернет)

Прочитај како Божјето гледиште за животот треба да влијае врз нашиот избор на рекреација.

„’Екстремни спортови‘ — дали да се ризикува?“ (Разбудете се! од 8 јануари 2001)

Дознај како Библијата може да му помогне на некој што има самоубиствени мисли.

„Дали Библијата може да ми помогне ако размислувам за самоубиство?“ (Статија на интернет)

a Јехова длабоко сочувствува со оние што се потиштени (Псалм 34:18). Тој ја разбира болката во нивното срце која може да води до самоубиствени мисли и сака да им помогне. За да дознаеш како Јехова може да им помогне на таквите лица, прочитај ја статијата „Дали Библијата може да ми помогне ако размислувам за самоубиство?“, која е наведена во оваа лекција во делот Истражувај.

b На оние што се измачуваат со чувства на вина затоа што абортирале може да им биде утешна мислата дека Јехова може да им прости. Нешто повеќе за тоа можеш да прочиташ во статијата „Што пишува во Библијата за абортусот?“, која е наведена во оваа лекција во делот Истражувај.