ЛЕКЦИЈА 23
Крштавање — цел која вреди да си ја поставиш
Сите што сакаат да станат христијани треба да се крстат. Тоа се гледа од зборовите на Исус запишани во Матеј 28:19, 20. (Прочитај.) Но, како треба некој да биде крстен? И, што треба да направи за да ја постигне таа цел?
1. Како треба некој да биде крстен?
Зборот „крштава“ доаѓа од еден грчки збор што значи „нурнува“ под вода. Исус се крстил така што бил нурнат во реката Јордан и веднаш потоа излегол од водата (Марко 1:9, 10) Исто како Исус, вистинските христијани се крштаваат со нурнување, односно целосно потопување во вода.
2. Што покажува крштавањето?
Со своето крштавање, покажуваме дека сме му го заветувале својот живот на Јехова. На кој начин некој му дава таков завет на Бог? Така што, пред да се крсти, во лична молитва му кажува дека сака да му служи засекогаш. Тој му ветува дека ќе го обожава само него и дека најважно во животот ќе му биде да ја врши неговата волја. Така покажува дека одлучил да се „одрече од себе“ и да оди по Исус, односно да живее според неговите учења и да го следи неговиот пример (Матеј 16:24). Тоа што некој ќе му го заветува својот живот на Јехова и ќе се крсти, му овозможува да има поблизок однос со него и со другите соверници.
3. Што треба некој да прави за да може да се крсти?
Пред да се крстиш, важно е да учиш за Јехова и да стекнеш силна вера во него. (Прочитај Евреите 11:6.) А како што ќе стекнуваш сѐ повеќе знаење и вера, твојата љубов кон Јехова ќе станува сѐ посилна. Тоа ќе те поттикне да сакаш да им зборуваш на другите за него и да живееш според неговите мерила (2. Тимотеј 4:2; 1. Јованово 5:3). Кога некој ќе почне да води „живот достоен на Јехова“ и се труди потполно да му угоди, веројатно ќе сака да му го заветува својот живот и да се крсти (Колошаните 1:9, 10). a
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе видиш што учиме од крштавањето на Исус и како може некој да се подготви за овој важен чекор.
4. Што учиме од крштавањето на Исус?
Прочитај Матеј 3:13-17 за да дознаеш повеќе детали во врска со крштавањето на Исус. Потоа разговарајте за овие прашања:
-
Дали Исус бил бебе кога се крстил?
-
На кој начин се крстил? Дали само бил попрскан со вода?
Откако се крстил, Исус почнал да извршува една посебна задача што ја добил од Бог. Прочитај Лука 3:21-23 и Јован 6:38, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Откако Исус се крстил, која задача му била на прво место во животот?
5. Крштавањето е достижна цел
Можеби си мислиш дека ти никогаш не би можел да му го заветуваш својот живот на Бог и да се крстиш. Но, тоа што ќе продолжиш да учиш за Јехова и сѐ подобро да го запознаваш ќе ти помогне еден ден да ја донесеш таа важна одлука. За да дознаеш што им помогнало на некои да го направат тој чекор, пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.
Прочитај Јован 17:3 и Јаков 1:5, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Што може да му помогне на некој духовно да напредува за да може да се крсти?
-
А. Му го заветуваме својот живот на Јехова така што во молитва му кажуваме дека сакаме да му служиме засекогаш
-
Б. Кога се крштаваме, им покажуваме на другите дека сме му се заветувале на Бог
6. Со крштавањето стануваме дел од Јеховиното семејство
Кога се крштаваме, стануваме дел од едно обединето меѓународно семејство. Без оглед на тоа кои сме и од каде сме, сите имаме исти верувања и живееме според истите морални мерила. Прочитај Псалм 25:14 и 133:1, а потоа разговарајте за ова прашање:
-
Како крштавањето влијае врз нашиот однос со Јехова и со соверниците?
НЕКОИ ВЕЛАТ: „Не сум спремен да се крстам“.
-
Ако и ти се чувствуваш така, дали сепак сметаш дека е важно да ја оствариш таа цел?
ШТО НАУЧИ:
Исус поучувал дека сите што сакаат да станат христијани треба да се крстат. За да ја оствари таа цел, едно лице треба да изгради силна вера во Јехова, да живее според неговите мерила и да му го заветува својот живот.
Како би одговорил?
-
Како треба некој да биде крстен и зошто крштавањето е важно?
-
Што покажува крштавањето?
-
Што треба да прави некој пред да му го заветува својот живот на Бог и да се крсти?
ИСТРАЖУВАЈ
Дознај како треба некој да биде крстен.
Дознај што треба да прави некој за да може да се крсти.
„Љубовта и благодарноста кон Јехова водат до крштавање“ (Стражарска кула од март 2020)
Прочитај една животна приказна која покажува дека крштавањето не е одлука која се темели само на чувства.
„Сакаа сам да ја откријам вистината“ (Стражарска кула од 1 февруари 2013)
Прочитај зошто крштавањето е цел која вреди да си ја поставиш и како можеш да ја оствариш.
„Дали да се крстам?“ (Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2, поглавје 37)
a Ако некој бил крстен во некоја друга религија, ќе треба повторно да се крсти. Зошто? Затоа што таа религија не поучува за вистината од Библијата. (Види во Дела 19:1-5 и види ја лекција 13.)